Златко Лечевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 21 март 1954
Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал 16 декември 2014
Скопје, Македонија Македонија
Занимање дипломат, амабасадор

Златко Лечевски (Скопје, 21 март 1954Скопје, 16 декември 2014) — македонски дипломат од кариера. Бил амбасадор на Македонија во Руската Федерација во периодот од 2006 до 2009 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Лечевски е роден на 21 март 1954 година во Скопје. Дипломирал Филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а во 1985 година ги завршил Постдипломските студии од социологија на културата. Работниот век го почнал како асистент на Факултетот за безбедност и наставник во Центарот за образование на кадри за безбедност. Работел во Министерството за надворешни работи на високи и одговорни функции, поминувајќи ги притоа сите скалила во хиерархијата на работењето на министерството. Својот ангажман во МНР го започнал во 1996 година како началник во Оделението за аналитика и информирање. Од 1997 година бил назначен за Помошник министер за анлитика и политичко планирање во МНР на Македонија, а периодот 2001-2006 бил Државен советник задолжен за аналитика и политичко планирање.

Лечевски во периодот од 2006 до 2009 година бил амбасадор во Руската Федерација и време на мандатот е одликуван во 2008, година од Патријархот на Руската православна црква, г. Алексиј Втори со високото признание орден „Обединетост“[1] и во 2009 година, повторно од Патријархот на Руската православна црква, но овој пат од г. Кирил со ореденот „Меѓународна премија на светитерамноапостолски браќа Кирил и Методиј“.[2] Починал во Скопје на 16 декември 2014 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]