Прејди на содржината

Златен миртов венец од Кутлеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златен миртов венец
Златниот миртов венец
Видпогребна круна
Материјалзлато
Симболимиртови листови и цветови
СоздаденIV век п.н.е.
Период/култураМакедонско Кралство
Откриен1977
Македонски кралски гробници, Ајга
(Кутлеш, Берско, Егејска Македонија)
40°29′14″N 22°18′56″E / 40.4872°N 22.3155°E / 40.4872; 22.3155
Сегашна локацијаМузеј на Македонските кралски гробници, Кутлеш
КултураМакедонија

Златен миртов венец од Кутлеш (грчки: Χρυσό στεφάνι της Βεργίνας) — древномакедонски погребен предмет од античкиот град Ајга кај денешното село Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. Направен е од злато и претставува венец од листови и цветови на мирта кои се исклучително реалистични. Овој венец е меѓу најскапоцените наоди пронајдени при ископувањето на Македонските кралски гробници. Датира од IV век п.н.е. и се смета дека ѝ припаѓал на Меда Одеска, тракиска принцеза и петта сопруга на Филип II Македонски.[1][2]

По реставрацијата на венецот, тој има 80 листови и 112 цветови. Главниот венец, од кој излегуваат малите гранчиња, се состои од тесна цилиндрична прачка, чии два краја се сплескани со усукување заедно. Внатрешниот пречник на главната цевка изнесува 18 - 16 см., а надворешната има пречник од 26 - 23 см.

Наодите од гробниците првично стоеле во Археолошкиот музеј во Солун, но во 1997 г. се преместени во Музејот на Македонските кралски гробници во Кутлеш.[3] Тука е венецот на Меда заедно со други вредни наоди од гробниците, меѓу кои и Дабовиот венец на Филип II.[2]

  1. „Gold Myrtle Crown“ (PDF). Greece.org. Посетено на 21 април 2020.
  2. 1 2 Willis, Gary (10 декември 2015). „Splendors of the Dead“. The New York Review of Books. Посетено на 22 април 2020.
  3. „Καθ' οδόν: Στη Βεργίνα“. Ριζοσπάστης. 16 февруари 2003. Посетено на 22 април 2020.