Прејди на содржината

Злата Булатовиќ - Љумовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Злата Булатовиќ - Љумовиќ ( 1923 во Пеќ — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Партизанската споменица 1941, чиј носител е Злата Булатовиќ - Љумовиќ.

За член на СКОЈ била примена во мај 1940 година, како ученичка во Пеќската гимназија. Кон средината на 1941 година билa секретар на скоевски актив и член на скоевското јадро во реонот каде живеела. Во почетокот на мај 1942 година била затворена и интернирана во Албанија. Во септември 1943 година стапила во единиците на НОВ и ПОМ, а подоцна била борец во Првата македонска ударна бригада. Во јули 1944 година во борбите кај Дебар била тешко ранета. Носител е на Партизанска споменица 1941 и други одликувања.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1009.