Златарица (река)
| Златарица | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Место | Разлошко, Пиринска Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Велиичко-виденички Дел, Западни Родопи |
| • координати | 41°53′50″N 23°46′31″E / 41.8972°N 23.7753°E |
| • надм. вис. | 1.570 м |
| Устие | |
• место | р. Места, 2,7 км Ј од с. Елешница, Општина Мехомија |
• координати | 41°50′20″N 23°36′37″E / 41.8389°N 23.6103°E |
• надм. вис. | 713 м |
| Должина | 21 км |
| Големина на сливот | 111 км2 |
| Проток | |
| • просечен | 0,69 м3/с |
| Особености на сливот | |
| Течение | Места→ Егејско Море |
Златарица — река во Разлошко, Пиринска Македонија, лева притока на Места. Долга е 21 км[1] и тече низ општините Белица и Мехомија (Разлог).
Реката извира од северот на Велиичко-виденичкиот Дел на Западните Родопи, на надморска височина од 1.570 м. Изворот е 1,6 км југоисточно од маалото Узунмахала на селото Гарван (Златарица). Тече низ длабока и пошумена долина. До устието на најголемата притока Палатик тече на запад, а потоа свртува на југозапад; овде долината се проширува и се појавуваат речни тераси на кои има мали ниви. Завршува како лева притока на Места (на 713 м.н.в.), 2,7 км јужно од селото Елешница во Општина Мехомија.[1]
Сливот зафаќа 111 км2, што претставува 3,22 % од вкупниот слив на Места.[1]
Позначајна притока е Палатик, која се влева од десно.[1]
Средниот годишен истек кај с. Елешница изнесува 0,69 м3/с; највисок водостој има во март, а најнизок во септември.[1]
По течението на Златарица има само едно населено место — селото Елешница.[1]
Во подрачјето на селото и нагоре по течението на реката водите во голема мера се користат за наводнување на малите нивички сместени по речните тераси.[1]
