Зинаида Серебрјакова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зинаида Серебрјакова
Serebryakova SefPortrait.jpg
Автопортрет (1909)
Роден(а)Зинаида Евгеньевна Серебрякова
12 декември 1884 [с.с. 30 ноември]
Харков, Руска империја (денешна Украина)
Починал(а)19 септември 1967(1967-09-19) (воз. 82 г.)
Париз, Франција
НационалностРусинка, подоцна Французинка
Познат(а) поСликарство
Правец
СопружникБорис Серебрјаков (1905-1919)

Зинаида Евгениевна Серебрјакова (моминско Лансере)[1] (руски: Зинаи́да Евге́ньевна Серебряко́ва, украински: Зінаїда Євгенівна Серебрякова; 12 декември 1884 [с.с. 30 ноември] 1884-1819 септември 1967) беше меѓу првите познати женски руски сликари.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Зинаида била родена во близина на Харков, сега во Украина, во едно од најпрефинетите и уметнички семејства во Русија. Таа припаѓала на уметничкото семејство Бенуа.

Во 1900 година дипломирала од женска гимназија, и стапи на училиштето за уметност основано од страна на принцезата М. К. Тенишева. Студирала под Илја Репин во 1901 година, и под портретниот уметник Осип Браз помеѓу 1903 и 1905. Помеѓу 1902-1903 таа била во Италија, и во 1905-1906, таа студирала на Академија де ла Гранде Шумијер во Париз.

Сестрата на уметникот, 1911

Кариера[уреди | уреди извор]

Уште од младоста, Зинаида сакала да ја изрази својата љубов кон светот и да ја покаже неговата убавина. Ова може да се види и во нејзините најпрви дела.

Куќа од Карти (1919)

На почетокот на Октомвриската револуција во 1917 година, целиот нејзин живот се менува. Во 1919 година нејзиниот сопруг Борис почина од тифус добиен во болшевичките затвори. Таа остана без било каков приход, одговорна за нејзините четири деца и својата болна мајка. Тоа беше време на нејзиното најтрагично дело, Куќа од Карти, што ги отсликува нејзините четири деца.

Таа не сакаше да го прифати футуристичкиот стил популарнен во уметноста од почетокот на советскиот период, ниту пак да слика портрети на комесари, но таа најде некоја работа во Археолошкиот музеј Харков.

Во есента на 1924 година, Зинаида отиде во Париз, добила комисија за голема декоративна фреска. По завршувањето на ова дело, таа имала намера да се врати во Советскиот Сојуз, каде што останале нејзината мајка и четирите деца. Сепак, таа не беше во можност да се врати, и иако таа беше во можност да ги донесе нејзините помлади деца, Александар и Катерина, во Париз во 1926 и 1928, не можеше да го стори истото за нејзините две постари деца, Евгениј и Татјана, а не не ги видела повторно за многу години.

Портрет на Лола Браз

По ова, Зинаида патувала во голема мера. Во 1928 и 1930 отпатувала во Африка, во посета на Мароко. Таа беше фасцинирана од пејзажите на северна Африка и ги насликала Атлас планините, како и арапските жени и Африканците во етничка облека.

Во 1947 година, Зинаида конечно доби француско државјанство и имаше контакт со семејството во Советскиот Сојуз. Во 1960 година, по 36 години присилна поделба, на нејзината постара ќерка, Татјана (Тата), конечно и беше дозволено да ја посети. Во тоа време, Татјана, исто така, работила како уметник, сликајќи сценографија за Московскиот уметнички театар.

Делата на Зинаида Серебрјакова конечно биле изложени во Советскиот Сојуз во 1966 година, во Москва, Ленинград, и Киев, со голема слава. Нејзините албуми биле продавани на милиони, и таа беше споредена со Ботичели и Реноар. Сепак, иако таа испрати околу 200 од своите дела да бидат прикажани во Советскиот Сојуз, најголемиот дел од нејзината работа останува во Франција денес.

Зинаида Серебрјакова почина во Париз на 19 септември 1967 година, на возраст од 82.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Her last name is often spelled Serebryakova and her maiden name is sometimes spelled Lansere (Russian and Ukrainian: Лансере). She usually signed her work Z. Serebriakova or in Cyrillic script and sometimes she spelled her last name Serebriakoff (Rusakova 2006). Her family called her by the nicknames Zika and Zina (Serebriakova 1987).

Референци[уреди | уреди извор]

  • Hilton, Alison L. (Autumn, 1982 - Winter, 1983 г). Zinaida Serebriakova. „Woman's Art Journal“ (Woman's Art, Inc.) том  3 (2): 32–35. doi:10.2307/1358032.  (author's home page)
  • Rusakova, A. A. (Alla Aleksandrovna) (2006). Zinaida Serebriakova 1884-1967. Moskva: Iskusstvo-XXI vek. ISBN 5-98051-032-X.  (руски)
Brief desc. (германски) Cover image and description. (руски) Larger cover image showing her signature in Latin script.
Illustrated monograph on the creative development and life of Zinaida Serebriakova by St. Petersburg art critic A. A. Rusakova.
  • Serebriakova, Zinaida Evgenevna (1987). Zinaida Serebriakova : pisma, sovremenniki o khudozhnitse. compiled by V.N. Kniazeva, annotated by U.N. Podkopaeva. Moskva: Izobrazitelnoe iskusstvo.  (руски) [1]
Zinaida Serebriakova: Letters, contemporary views (literally: Zinaida Serebriakova: Letters, contemporaries on the artist)
  • Yablonskaya, M.N. (1990). Women artists of Russia's new age, 1900-1935. Anthony Parton (ed. and trans.). New York: Rizzoli. ISBN 0-8478-1090-9. [2]