Прејди на содржината

Зимска светлина (филм од 1963)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зимска светлина (шведски: Nattvardsgästerna) е шведски филм од 1963 година, во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги во филмот ги играат: Гунар Бјернстранд, Ингрид Тулин, Макс фон Сидов итн.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Томас (го игра Бјернстранд) е свештеник во едно мало место. Во него е вљубена учителката Марта (ја игра Тулин), која упорно му ја изјавува својата љубов и го наговара да се ожени со неа, но тој никако не може да ја преболи својата умрена жена. Уште повеќе, по нејзината смрт, тој чувствува дека во него слабее верата во бога. Поради тоа, тој не може да му даде никаков совет на Јонас Персон (го игра фон Сидов) кој е западнат во депресија и кој подоцна извршува самоубиство.[1]