Зигфрид Едстром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јоханес Зигфрид Едстром (21 ноември 1870 - 18 март 1964) бил шведски индустријалец и официјален спортски работник.

Едстром се родил во селото Морланда, на островот Оруст, Бохуслан. Студирал на технолошкиот факултет Шалмерс во Гетеборг, а подоцна и во Швајцарија и САД. Како млад, тој бил одличен спринтер на 100m којшто патеката ја истршувал за помалку од 11s. Од 1903 до 1933 година, Едстром бил директор на електротехничката компанија АСЕА,а од 1934 до 1939 година претседател на бордот.

Едстром бил меѓу организаторите на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, а бил избран и а прв претседател на Меѓународната атлетска федерација, веднаш по нејзиното основање, а на таа функција останал до 1946 година.

Зигфрид Едстром станал член на Меѓународниот олимписки комитет во 1920 година, а во 1931 година станал негов потпретседател. Кого претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Анри де Баилет- Латур умрел во 1942 година, за негов наследник бил назначен Едстром , но официјално тоа се случило веднаш по завршувањето на Втората светска војна. За време на своето претседателство, трој имал голема улога во развивањето на олимпискиот дух во светот. На таа функција останал до 1952 година кога се пензионирал,а за негов наследник бил избран Ејвори Брендиџ.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. http://www.olympic.org/en/content/The-IOC/The-IOC-Institution1/?Tab=3



Претседатели на МОК

Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блонеј (1916–1919) | Анри де Баилет-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстром (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–сè уште)