Зиба Ганиева
Зиба Ганиева | |
---|---|
Ганиева во Втората светска војна. | |
Починал | 2010 Москва, Русија |
Држава | СССР |
Род | Црвена Армија |
Служба | 1941–1943 |
Чин | Помлад наредник |
Битки/војни | Втора светска војна |
Одликувања | Орден на Црвеното знаме Орден на Црвената ѕвезда Прва класа орден на патриотската војна Медал за одбраната на Москва |
Зиба Паша кизи Ганиева (азерски: Ziba Paşa qızı Qəniyeva, 20 август 1923 година, Шамахи, Азербејџан[1] или во Узбекистан[2] – 2010, Москва)[3] била азербејџанск и филолог и жена снајперист за време на Втората светска војна (Северозападен фронт, 3 Московска комунистичка снајперска дивизија),[4] наградена со Медал за одбрана на Москва, со Орденот на Црвеното знаме и со Орденот на Црвена ѕвезда.
Живот
[уреди | уреди извор]Зиба Ганиева е Азербејџанка од страна на нејзиниот татко и Узбечка од страна на нејзината мајка. Во 1937 година, била примена на часови по танц во новоформираната узбечка филхармонија. Во 1940 година, таа се преселила во Москва за да се запише на руската Академија за театарска уметност, но доброволно се приклучила во армијата на 7 ноември 1941 година, набрзо по започнувањeто на Источниот фронт при Втората светска војна. Со неа била уште една снајперистка, Нина Соловеј.
За време на војната, Ганиева била радио оператор и шпионка која ја преминала фронтовата линија 16 пати. Таа учествувала во Битката за Москва. Воената служба на Зиба била прекината откако била тешко ранета за време на извидничка операција во предградијата на Москва во 1942 година. Таа била тргната од бојното поле, а потоа поминала 11 месеци во болница.
По војната таа го продолжила своето постгимназиско образование и во 1965 година, стекнала диплома по филологија.
Дела
[уреди | уреди извор]- Qorkinin dekadentçiliyə və naturalizmə qarşı mübarizəsi (Борбата на Горки против декаденцијата и натурализмот), "Azərbaycan", 1955, №6
- О сатире Горького в период первой русской революции (За сатирата на Горки во периодот на Првата руска револуција), "Литературный Азербайджан", 1955, №12
- Страницы из истории революционной поэзии на урду (Страници за историјата на Револуционерната поезија на урду), "Народы Азии и Африки", 1970, №2
Видете
[уреди | уреди извор]- Список на книги, статии и документарни филмови за снајперисти
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ziba Ganiyeva
- ↑ Великий разлом Архивирано на 1 декември 2017 г. by V.Galanina-El Registan
- ↑ Nazarli, Amina (2 July 2015). „Azerbaijani women snipers: fragile, but fearless“. Посетено на 2016-06-02.
- ↑ Azerbaijan Soviet Encyclopedia (1979), vol. 3, p. 137