Зенон (владетел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зенон
Византиски император
Владеење 9 февруари 474 – 9 јануари 475
август 476 – 9 април 491
Полно име Тарасикодиса (до 460-те)
Флавиј Зенон (како император)
Роден(а) c. 425
Родно место Зенополис[1]
Починал(а) 9 април 491(491-04-09) (aged 66)
Место на смрт Константинопол
Претходник 1) Лав II
2) Василиск
Наследник 1) Василиск, revolted
2) Анастасиј I
Придружник Аркадија,
Елија Аријадна
Деца Зенон (од Аркадија)[2] ,
Лав II (од Елија Аријадна)
Династија Лавова династија
Татко Кодиса
Мајка Лалис

Флавиј Зенон (латински: Flavius ​​Zeno; грчки: Ζήνων) бил византиски император во периодот од 9 февруари 474 до 9 јануари 475 година и за втор пат од август 476 до 9 април 491 година. Зенон е еден од најистакнатите рани источноримски императори од Тракиската односно од Лавовата династија.

Зенон бил активен и енергичен владетел, но неговото управување било отежнато од чести немири и верски несогласувања. Тој се обидел да ги контролира остатоците од Римската империја на запад и во исто време придонел многу за стабилизирање на Истокот, иако тоа го чинело премногу.

Рани години[уреди | уреди извор]

По потекло Зенон бил исавриец, со вистинско име Тарасис[3] (Tarasicodissa, односно "Тарасис, син на Кодиса"[3]), водач на планинско полунезависно племе од областа Исаврија, северна Сирија. Татко му се викал Кодиса (Kodisa), а неговата мајка Лалис. Поголемиот брат на Зенон бил Флавиј Лонгин, кој бил конзул во 486 година.

Тарасис бил оженет за Аркадија, од цариградската аристократија[4]. Според легендата имале две ќерки, Хиларија и Таопеста, кои биле посветени на христијанскиот живот[5]. Веројатно бил роднина на исавријския војсководец Флавиј Зенон (конзул во 448 година). Зенон и Аркадија живееле од средината на 460-те години во Константинопол.

Императорот Лав I Тракиецот решил да ја зголеми улогата на исавриците како начин за спротиставување на силната фракција на Готите[6]. Лав I го забележил Тарасикодиса, откако во ококу 464 година тој му покажал 466 документи кои го направиле Ардабур, синот на војсководец Аспар осомничен дека подготвува државен удар[7].

Лав го повикал Тарасикодиса во Константинопол, за да го направи еден од главните војводи во борбата против Готите. Потоа тој бил направен зет и престолонаследник на царот, оженувајќи се за царската ќерка Елија Аријадна. Во тоа време тој го променил своето име во Зенон, а по смртта на царот Лав I во јануари 474 година, Зенон станал соимператор на малолетниот Лав II, негов син од Аријадна . Кога Лав II се разболел и предвремено починал при нејасни околности, само по околу девет месеци од заедничкото управување, Зенон биол прогласен за источноримски (византиски) император (во ноември 474 година) и покрај општото незадоволство.

Управување[уреди | уреди извор]

Во јануари 475 година Василиск, брат на Елија Верина - тешта на Зенон, го узурпирал престолот со нејзина помош и Зенон бил принуден да побегне од Константинопол во Анадолија[8]. Но Василиск брзо ја изгубил популарноста во главниот град, додека Зенон ги организирал малоазиските војници против него. 20 месеци подоцна Зенон се вратил на власт, поддржан од исавријците, го соборил од власт на узурпаторот Василиск и сурово ги казнил своите противници.

Во времето на Зенон бил ставен крај на Западната Римска империја, по соборувањето на последниот император Ромул Августул. Овој настан од повеќето историчари го одбележуваат како крајот на античката епоха.

Во септември 476 година, само неколку недели по второто искачување на престолот на Зенон, германскиот водач Одоакар го детонизирал на Ромул Августул во Равена. Тој имал избор или да владее преку некој император, кого би го контролирал, или да владее како клиент на византискиот цар. Одлучил формално да му ја врати царската власт на византискиот цар Зенон во Константинопол. Зенон го прогласил за воен командант (dux) на Италија и го ставил меѓу патрициите. Одоакар ковал златници во име на Зенон, со што покажувал дека ја почитува формалната власт на Византија. Неспособен да се меша во политиката на Одоакар, Зенон конечно го испратил Теодорик против него.

Војна со Готите[уреди | уреди извор]

Во управувањето на Зенон се водат многу конфликти со готските водачи во Мизија и Панонија. Балканските провинции на империјата биле жртва на постојаните упади на варварите. Уште во 474 година готскиот предводник Теодорик Страбон кренал востание и учествувал во превратот против Зенон. Подоцна царот безуспешно се обидувал да го привлече на своја страна друг готски војвода - Теодорик Амал. Според Јован Антиохиски, Зенон ги повикал Бугарите за сојузници, но мизиските Готи успеале да се заштитат од Бугарите и повторно кренале востание. Востанието продолжило до 487 година кога Зенон склучил договор со Теодорик според кој Остроготите биле испратени во војна против Одоакар во Италија, каде добиле право да се населат и да основат своја држава. Со ова, готското присуство на Балканот завршило[9].

Внатрешни војни[уреди | уреди извор]

Во 479 и 480 година поддржувачите на Маркијан, внук на царот Маркијан, кренале две востанија против Зенон, и тоа во престолнината и во Мала Азија. Во востанието во Константинопол, Зенон излегол како победник, а Маркијан бил испратен во манасрир но подоцна повторно учествувал во заговор против власта. Во 484 година исавријскиот генерал Ил и повторно Верина, тешта на Зенон, застанале против императорот, обидувајќи се да го наметнат неговиот ривал Леонтиј на престолот, но тие конечно биле разбиени во Мала Азија четири години подоцна.

Во 482 година Зенон го издал едикт Енотикон (Henotikon, "Покајание") со цел да го реши спорот меѓу монофизитите и православните христијани. Во едиктот биле објавени решенијата од првите три вселенски собори, но најважното прашање за Христовата природа намерно не била засегната. Потпишувањето на "Енотикона" од египетскиот патријарх Акакиј станало повод за негово анатемосвање од папата Феликс. Така започнала т.н. Акакиева шизма која траела 35 година, во кој период немало никаков контакт меѓу источната и западната христијанска црква. Зенон во тоа време станал еден од најомразените императори во Константинопол, што најмногу се должело на неговото потекло и постојаните немири во власта.

Зенон починал на 9 април 491 година[10], веројатно како последица на епилепсија[11]. Според легендата Зенон се разбудил три дена по погребот, но никој не посакал да одговори на плачот за помош и да ја отвори гробницата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stephen Mitchell, A history of the later Roman Empire, AD 284–641: the transformation of the ancient world, Wiley-Blackwell, 2007, ISBN 1-4051-0856-8, p. 114.
  2. Martindale, "Zenon 4", p. 1198.
  3. 3,0 3,1 The sources call him "Tarasicodissa Rousombladadiotes", and for this reason it was thought his name was Tarasicodissa. However, it has been demonstrated that this name actually means "Tarasis, son of Kodisa, [coming from] Rusumblada", and that "Tarasis" was a common name in Isauria (R.M. Harrison, "The Emperor Zeno's Real Name", Byzantinische Zeitschrift 74 (1981) 27–28).
  4. Croke, pp. 160–161.
  5. Terry G. Wilfong, Women of Jeme: lives in a Coptic town in late antique Egypt, University of Michigan Press, 2002, ISBN 0-472-06612-9, p. 35.
  6. Croke, pp. 166–168.
  7. Croke, pp. 185–186.
  8. Croke, pp. 188–190.
  9. Stephen Mitchell, A history of the later Roman Empire, AD 284–641: the transformation of the ancient world, Wiley-Blackwell, 2007, ISBN 1-4051-0856-8, pp. 118–119
  10. Theophanes the Confessor, 135,31–136,5. Cited in Michael Whitby, The ecclesiastical history of Evagrius Scholasticus, Liverpool University Press, 2000, ISBN 0-85323-605-4, p. 164.
  11. Evagrius Scholasticus, 3.29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]