Земјотрес во Истанбул (1509)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Земјотрес во Истанбул (1509)
Земјотрес во Истанбул (1509) is located in Turkey
Земјотрес во Истанбул (1509)
Датум 10 септември 1509 (1509-09-10)
Магнитуда 7.2 Ms
Епицентар 40°54′ СГШ; 28°42′ ИГД / 40.9° СГШ; 28.7° ИГД / 40.9; 28.7Координати: 40°54′ СГШ; 28°42′ ИГД / 40.9° СГШ; 28.7° ИГД / 40.9; 28.7[1]
Зафатени земји/подрачја Османлиска империја
Жртви 10,000

Истанбулскиот земјотрес од 1509 година се случил во Мраморно море на 10 септември 1509 година во околу 10:00 часот. Земјотресот имал јачина од 7,2 степени[2]. Во следените 45 дена земјата постојано се тресела од привремени помали земјотреси по кое следувало цунами.

Во земјотресот загинале повеќе од 10.000 луѓе а над 110 џамии биле уништени. Галата и Бујукчекмеџе исто така претрпиле сериозни оштетувања. Во Цариград многу куќи биле срушени. Новоизградената Бајазитова џамија исто така била оштетена, каде куполата паднала заедно со минарињата. Фатих џамија претрпелела штета на своите четири големи столбови и куполата. Аја Софија не била оштетена освен едно минаре. Во внатрешноста на џамијата гипсот, кои бил користен за да се прикријат византиските мозаици паднале, откривајќи ги христијанските слики[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ambraseys, N.N.; Jackson J.A.. Seismicity of the Sea of Marmara (Turkey) since 1500. „Geophysical Journal International“ том  141 (3): F1–F6. doi:10.1046/j.1365-246x.2000.00137.x. Bibcode2000GeoJI.141F...1A. 
  2. 2,0 2,1 Ambraseys, N. N. (декември 2001 г). The Earthquake of 1509 in the Sea of Marmara, Turkey, Revisited. „Bulletin of the Seismological Society of America“ том  91 (6): 1397. doi:10.1785/0120000305. Bibcode2001BuSSA..91.1397A. ftp://ftp.gfz-potsdam.de/pub/home/vst/lau/tsunami/Tsunami-Mittelmeer/Literatur/pdf/Ambraseys.2001.The%20Earthquake%20of%201509%20in%20the%20Sea%20of%20Marmara,.pdf.