Земјоделска продуктивност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Производство на храна по глава на жител од 1961
Објекти за производство на жито

Земјоделската продуктивност се мери како однос на земјоделските производи и земјоделските инпути[1]. Додека индивидуалните производи обично се мерат според тежината, нивната различна густина го отежнува мерењето на вкупното земјоделско производство. Затоа, производството обично се мери како пазарна вредност на крајното производство, што ги исклучува средните производи. Оваа излезна вредност може да се спореди со многу различни видови влезови како што се работна сила и земја (принос на земјоделски култури). Овие се нарекуваат парцијални мерки на продуктивноста[2].

Земјоделската продуктивност исто така може да се мери според она што се нарекува вкупна факторска продуктивност (TFP). Овој метод за пресметување на земјоделската продуктивност споредува индекс на земјоделски инпути со индексот на аутпути. Оваа мерка за земјоделска продуктивност е воспоставена за да ги отстрани недостатоците на парцијалните мерки на продуктивноста; особено што често е тешко да се идентификуваат факторите кои предизвикуваат нивна промена. Промените во TFP обично се припишуваат на технолошки подобрувања[3].

Земјоделската продуктивност е важна компонента на безбедноста на храната[4].

Извори на земјоделска продуктивност[уреди | уреди извор]

Приносите на пченица во најмалку развиените земји од 1961 година. Остриот пораст на приносот на земјоделските култури во САД започнал во 40-тите години на 20 век. Процентот на раст бил најбрз во раната фаза. Во земјите во развој приносот на пченка сè уште рапидно се зголемува. [5].[5]

Некои извори на земјоделска продуктивност се[6]:

  • Механизирано земјоделство
  • Сорти со висок принос, кои биле основа на Зелената револуција
  • Ѓубрива: Примарни хранливи материи за растенијата: азот, фосфор и калиум[7][8] и секундарни хранливи материи како што се сулфур, цинк, бакар, манган, калциум, магнезиум и молибден на недостаток на почва
  • Едукација за техники за управување и претприемништво за намалување на фиксни и варијабилни трошоци и оптимизирање на работната сила
  • Варење на кисели почви за да се подигне pH и да се обезбеди калциум и магнезиум
  • Наводнување
  • Хербициди
  • Генетски инженеринг
  • Пестициди
  • Зголемена густина на растението
  • Храната за животни стана повеќе сварлива со обработка
  • Чување на животни во затворено во студено време

Важноста на земјоделската продуктивност[уреди | уреди извор]

Продуктивноста на фармите во регионот е важна од многу причини. Освен обезбедувањето повеќе храна, зголемувањето на продуктивноста на фармите влијае на изгледите на регионот за раст и конкурентност на земјоделскиот пазар, распределбата на приходите и заштедите и миграцијата на работна сила. Зголемувањето на земјоделската продуктивност на регионот подразбира поефикасна дистрибуција на оскудни ресурси. Колку што земјоделците прифаќаат нови техники, толку попродуктивните земјоделци имаат корист од зголемувањето на нивната благосостојба, додека земјоделците кои не се доволно продуктивни, ќе излезат од пазарот за да бараат успех на друго место.[9]

Кооперативна фабрика за млечни производи во Викторија.

Бидејќи фармите во регионот стануваат попродуктивни, се зголемува неговата компаративна предност кај земјоделските производи, што значи дека тие можат да ги произведуваат овие производи со пониска можност за разлика од другите региони. Затоа, регионот станува поконкурентен на светскиот пазар, што значи дека може да привлече повеќе потрошувачи бидејќи тие се во можност да купат повеќе од понудените производи за иста сума пари.

Зголемувањето на земјоделската продуктивност доведува и до раст на земјоделството и може да помогне во ублажување на сиромаштијата во сиромашните и земјите во развој, каде земјоделството често вработува најголем дел од населението. Како што земјоделските стопанства стануваат попродуктивни, така се зголемуваат и платите што ги заработуваат оние кои работат во земјоделството. Во исто време, цените на храната се намалуваат и резервите на храна стануваат постабилни. Затоа, работниците имаат повеќе пари да потрошат на храна, како и на други производи. Ова исто така води кон раст на земјоделството. Луѓето гледаат дека има поголема можност да заработат за живот со земјоделство и ги привлекува земјоделството или како сопственици на фарми или како работници[10]

Распрскувач на течно ѓубриво.

.

Не само луѓето вработени во земјоделството имаат корист од зголемувањето на земјоделската продуктивност. Вработените во други сектори уживаат и пониски цени на храната и постабилно снабдување со храна. Нивните плати исто така може да се зголемат[10].

Земјоделската продуктивност станува сè поважна бидејќи светското население продолжува да расте. Индија, една од најнаселените земји во светот, презела чекори во изминатите децении за да ја зголеми својата производственост на земјиштето. Пред четириесет години, Северна Индија произведувала само пченица, но со појавата на пченици и ориз кои порано зреат, пченицата можела да се собере на време за да се засади ориз. Оваа комбинација пченица / ориз сега е широко користена. Приносот на пченица од три тони и приносот на ориз од два тона се комбинираат за пет тони жито по хектар, помагајќи да се хранат 1,1 милијарди луѓе во Индија[11].

Сепак, критичарите сметаат дека зголемувањето на земјоделската продуктивност резултира со зголемување на проблемите со пренаселеност кај луѓето. Според нив, како и другите видови, човечките популации растат како одговор на нивниот зголемен капацитет на носивост[12][13][14].

Одржливо земјоделство[уреди | уреди извор]

Одржливо земјоделство значи да се одржи или дозволи зголемување на земјоделската продуктивност на подолг рок, со тоа што ќе се уверат дека користените ресурси се што е можно повеќе обновливи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Measuring Agricultural Productivity Using the Average Productivity Index (API) by Lal Mervin Dharmasiri [1] Archived 2013-10-20 at the Wayback Machine
  2. Preckel, Paul V.; Hertel, Thomas W.; Arndt, Channing; Nin, Alejandro (2003-11-01). „Bridging the Gap between Partial and Total Factor Productivity Measures Using Directional Distance Functions“. American Journal of Agricultural Economics (англиски). 85 (4): 928–942. doi:10.1111/1467-8276.00498. ISSN 0002-9092. S2CID 154456202.
  3. Agricultural Investment and Productivity in Developing Countries, FAO Economic And Social Development Paper No. 148, ed. Lydia Zepeda, 2001, FAO Corporate Document Repository, 12 July 2007, http://www.fao.org/docrep/003/X9447E/x9447e00.HTM.[2]
  4. Mbow, C.; Rosenzweig, C.; Barioni, L. G.; Benton, T.; и др. (2019). „Chapter 5: Food Security“ (PDF). Climate Change and Land: an IPCC special report on climate change, desertification, land degradation, sustainable land management, food security, and greenhouse gas fluxes in terrestrial ecosystems. стр. 454.
  5. Fischer, R. A.; Byerlee, Eric; Edmeades, E. O. „Can Technology Deliver on the Yield Challenge to 2050“ (PDF). Expert Meeting on How to Feed the World. Food and Agriculture Organization of the United Nations. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-09.
  6. Egli, D.B. (2008). „Comparison of Corn and Soybean Yields in the United States: Historical Trends and Future Prospects“. Agronomy Journal. 100: S79–88. doi:10.2134/agronj2006.0286c. S2CID 84059626.
  7. About IPNI, the International Plant Nutrition Institute
  8. The Fertilizer Institute
  9. Mundlak, Yair, "Agricultural Productivity and Economic Policies: Concepts and Measurements," OECD Working Paper No. 75, OECD Development Center, August 1992, SourceOECD.org, 13 July 2007 http://miranda.sourceoecd.org/vl=4172647/cl=20/nw=1/rpsv/cgi-bin/wppdf?file=5lgsjhvj7g21.pdf (13–16).
  10. 10,0 10,1 Promoting Pro-Poor Growth: Agriculture, DAC Guidelines and Reference Series, Paris: OECD, 2006, OECD.org, 13 July 2007 „37922155.pdf“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-08-17. Посетено на 2007-07-13. (10).
  11. Brown, Lester R. Plan B 2.0: Rescuing a Planet Under Stress and a Civilization in Trouble. New York City: Earth Policy Institute, 2006.
  12. Steven Earl Salmony. „Too much food, too many people on a finite planet“. The Herald Sun.
  13. Russell Hopfenberg; David Pimentel. „Human population numbers as a function of food supply“ (PDF).
  14. „Morgan Freeman on the 'tyranny of agriculture' and the doomed human race“. Ecorazzi.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]