Земја (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

„Земја“ (бугарски: Земя) е песна напишана од македонскиот поет Никола Вапцаров. Песната е дел од збирката песни „Моторни песни“. Оваа стихозбирка е составена од два циклуси на песни, од кои првиот циклус на песни се под наслов „Песни за татковината“, а додека вториот циклус песни се под наслов „Песна за човекот“. Песната „Земја“ е дел од првиот циклус песни, заедно со уште и другата многу позната песна на Вапцаров- „Илинденска“[1].

Според македонските научници[2][3] во оваа песна Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и својата татковина Македонија. Во песната дава поетска слика за делови од својата татковина потенцирајќи ги Пирин, Охрид и Егеј. И покрај фактот што живее во Бугарија, во песната го изразува чувството дека Бугарија не можел да ја чувствува за своја татковина[4][5].

Во Бугарија, се смета дека во песната Вапцаров не искажувал политички или етнички ставови и дека ако некој го смета сопротивното значи дека или Вапцаров кривo се изразил или дека кривo го разбрал![6][7].

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. стр. 155, Литература на македонскиот јазик, Георги Сталев, Просветно Дело, Скопје, 1995.
  2. Македонскиот крем на бугарското општество- национална свест на Вапцаров и поеми
  3. Томислав Тодоровски, Стефка Прокопиева, Гане Тодоровски, Примери од литературата,стр. 151/152, Просветно дело, Скопје, 1994
  4. стр. 157, Литература на македонскиот јазик, Георги Сталев, Просветно Дело, Скопје, 1995.
  5. Македонскиот крем на бугарското општество- национална свест на Вапцаров и поеми
  6. Цвета Трифонова, За урбанистичките фобии на Вапцаров, „В тези стихове лирическият човек недвусмислено манифестира своята идентичност чрез духовно и емоционално-образно възвръщане към онтичната свежест на природните субстанции. Ако тук някой вижда нещо политическо, етническо или идейно, то тогава или Вапцаров криво се е изразил, или пък криво са го разбрали.
  7. Борис Данков - „Никола Вапцаров, народност - българин

Надворешни врски[уреди]