Земја на слободата
Изглед
Земја на слободата (англиски: Freedomland) е американски филм, во режија на Џо Рот. Главните улоги ги толкуваат: Семјуел Л. Џексон и Џулиен Мур.
Содржина
[уреди | уреди извор]Кога Бренда, самохрана мајка од белата раса, ќе изјави дека Црнец од сиромашен кварт ѝ го украл автомобилот, со детето на задното седиште, во градот избувнува голема расна нетрпеливост. Двајца детективи, Црнец и белец, се здружуваат да го пронајдат детето и откриваат дека случајот е посложен отколку што изгледа. Имено, тие откриваат дека самата мајка е одговорна за смртта на своето дете, откако му дала преголема доза сируп за кашлање.[1][2]