Прејди на содржината

Земјанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Земјанка

Земјанка[1][2] или земјаница[3][4] — засолниште за луѓе или домашни животни, изградено над вдлабнатина или дупка ископана во земјата. Овие структури се најраниот тип на човечко живеалиште што им е познато на археолозите. Земјанките може да бидат целосно вкопани во земјата, со покрив покриен со земја или издлабени во рид. Може да бидат и полузакопани, со покрив направен од дрво или бусени трева.

Земјанките можат да бидат и привремени засолништа за време на војни или лов. Исто така, бидејќи можат да бидат добро камуфлирани, се користат како скривалиште за време на заседи.