Прејди на содржината

Земски гранки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Земски гранки

Изрезбан кинески зодијак на таваница
Кинески назив
Кинески 地支
Јапонски назив
Канџи 地支
Хирагана ちし
Корејски назив
Хангул 지지
Ханча 地支
Виетнамски назив
Латинично Địa Chi

Земски гранки (кинески: 地支, диџе) или дванаесетеречен циклус[1] — систем од дванаесет последователни симболи во Источна Азија. Водат потекло од Кина, и самите се кинески знаци за зборови без конкретно значење освен редната положба на гранката.

Гранките се користат во системот на датумско изразување наречен шеесетгодишен циклус и во кинеската астрологија. Поврзани се со десет небесни стебла во кинескиот календар и даоистичката пракса.

Дванаесетте земски гранки се:

Земска гранка Пинјин Мак. тран. Знак Елемент Јин-јанг Часови
1 ѕе Стаорец вода јин 23:00–01:00
2 chǒu чоу Вол земја јин 01:00–03:00
3 yín јин Тигар дрво јанг 03:00–05:00
4 mǎo мао Зајак дрво јин 05:00–07:00
5 chén чен Змеј земја јанг 07:00–09:00
6 се Змија оган јанг 09:00–11:00
7 ву Коњ оган јин 11:00–13:00
8 wèi веј Коза земја јин 13:00–15:00
9 shēn шен Мајмун метал јанг 15:00–17:00
10 yǒu јоу Петел метал јин 17:00–19:00
11 су Куче земја јанг 19:00–21:00
12 hài хај Свиња вода јанг 21:00–23:00

Секоја гранка има свое име во јазиците на синосферата како кинескиот, јапонскиот, корејскиот, старотуркискиот, виетнамскиот и монголскиот. Се набројуваат слично како буквите по азбучен ред. Покрај календарските месеци, секоја гранка е поврзана со неколку културни категории како животни и часовите од денононоќието, со извесни регионални разлики.

Земските гранки се користат заедно со небесните стебла во кинеските календари, како иво даоистичката пракса. Многу кинески календарски системи ја бројат новата година од појавата на млада месечина по краткодневицата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Нараното сведоштво за употребата на земските гранки и небесните стебла е при запишувањето не циклуси од денови.[1] Десетте небесни стебла бииле имиња за деновите од неделата за време на династијата Шанг (ок.1600 – ок.1050 г. п.н.е.). Гранките се стари барем колку стеблата, а археолошките наоди укажуваат дека можеби се и постари.

Постојат неколку претпоставки за потеклото на земските гранки пред нивното присуство во пишаните извори. Едно е дека земските гранки се добиени набљудувајќи ја планетата Јупитер (歲星; суејсјинг; „Годишна ѕвезда“), чиј орбитален период е долг приближно дванаесет години. Џонатат Смит смета дека тие изворно (пред династијата Шанг) ги означувале месечевите мени, а небесните стебла тогаш биле поделоци на еклиптиката. Откако биле усвоени како календар, овие ја изгубиле јасната врска со Месечината, и биле пренаменети за положбите на Јупитер.[2]

Кинеската космологија станала пософистицирана во Периодот на завојуваните држави (ок.475  221 г. п.н.е.), и тогаш дванаесетеречните, десетеречните и шеесетеречните циклуси почнале да важат за други единици за време наместо денови.[1]

24-те страни на севтот со нивните земски гранки и небесни стебла, каде југот (црвено) е традиционално поставен најгоре.

Иако кинескиот има зборови за четирите страни на светот, кинеските морнари и астрономи претпочитале да ги користат 12-те страни на земските гранки, аналогно на користењето на часовни насоки меѓу западните пилоти. Бидејќи дванаесетте точки не се доволни за пловидба, биле додадени уште 12 меѓуточки. Место да се прават сложенки од соседните насоки, тие добиле нови имиња: на четирите дијагонални страни им се дадени соодветни триграмски имиња од Книгата на промените (И чинг). Останатите биле наречени по небесните стебла 1–4 и 7–10. Според теоријата за петте елементи, истокот е дрвен, а дрвените стебла се 甲 (ѓа) и 乙 (ји). Така, тие биле зададени надесно на двете соседни точки на истокот.

Морепловците како Џенг Хе (д. 1405–1433) користеле копаси со 48 точки. Меѓуточките се нарекувале со сложенка од двете соседни правци, како да речеме 丙午 (бингву; 172,5°), во средина помеѓу 丙 (бинг; 165°) и 午 (ву; 180°).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 Smith (2015).
  2. Smith (2011), стр. 222.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • Pankenier, David W. (2011), „Getting "Right" with Heaven and the Origins of Writing in China“, Во Li, Feng; Branner, David Prager (уред.), Writing and Literacy in Early China: Studies from the Columbia Early China Seminar, Seattle: University of Washington Press, стр. 19–50, ISBN 978-0-295-80450-7, JSTOR j.ctvcwng4z.7
  • Pulleyblank, Edwin G. (1991), „The Ganzhi as Phonograms and their Application to the Calendar“, Early China, 16: 39–80, doi:10.1017/S0362502800003837
  • Smith, Adam (2015), „Cyclical Signs“, Во Sybesma, Rint (уред.), Encyclopedia of Chinese Language and Linguistics Online, Brill, doi:10.1163/2210-7363-ecll-all, ISSN 2210-7363
  • Smith, Jonathan M. (2011), „The Di Zhi 地支 as Lunar Phases and Their Coordination with the Tian Gan 天干 as Ecliptic Asterisms in a China before Anyang“, Early China, 33: 199–228, doi:10.1017/S0362502800000274, S2CID 132200641