Зелен хуман град

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зелен хуман град
ОсновачГорјан Јовановски, НаТочак, ЕДЕН, Анима Мунди, Биди Зелен, Мама органа, Една може, Полио плус, Ромалитико, Ајде Македонија, Хумани градови, Меѓаши
ГеслоЗа зелен и хуман град
Основана16 септември 2020; пред 13 месеци (2020-09-16)
ШтабСкопје
Идеологијазелен општинизам
директна демократија
Бои      Зелена
Совет на Град Скопје
2 / 45
Мрежно место
zhg.mk
Знаме
Zelen human grad abbreviation.svg
Политика на Македонија
Политички партии
Избори

Зелен хуман град (ЗХГ) — здружена иницијатива на 20 организации и активистички групи од Скопје. На локалните избори во 2021 година, тие настапиле со независна советничка листа за Советот на Град Скопје и освоиле две советнички места, а настапиле и со кандидат за градоначалник на Скопје кој не успеал да влезе во вториот круг.

Историја[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел од предисторијата на ЗХГ е локалниот граѓански активизам преку десетици организации кои низ годините се залагале за промени во локалните и национални политики опфаќајќи сфери како социјална правда, заштита на животната средина, заштита на животните и урбана подвижност.[1] Движењето во форма на иницијатива се јавува по граѓански буџетен форум „Моја заедница, моја визија“ кога до скопското градско собрание се поднесени 27 предлози.[2][3]

Локални избори 2021[уреди | уреди извор]

На 14 јули движењето најавило дека ќе настапи на локалните избори во Град Скопје со своја независна советничка листа предводена од Драгана Велковска и Горјан Јовановски.[1][4] Во подоцнежниот период преку платформата МојКандидат биле избрани и останатите поединци кои станале дел од конечната листа.[5]

На 17 август ЗХГ го почнале процесот за собирање на потребите потписи за кандидирање на независна советничка листа.[6] Истиот ден движењето ја претставило Ана Петровска како нивен кандидат за градоначалник на Скопје.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Србиноска, Симона (14 јули 2021). „Коалицијата „Зелен хуман град" на локалните избори ќе настапи со независна листа за Град Скопје“. МИА. Скопје. Посетено на 19 август 2021.
  2. „Граѓански буџетен форум на Град Скопје „Моја заедница, моја визија" за зелен и хуман град“. Frontline. Скопје. 16 септември 2020. Посетено на 19 август 2021.
  3. „Доставени 27 предлози „За зелен и хуман град" до Советот на Град Скопје“. Независен. Скопје. 23 септември 2020. Посетено на 19 август 2021.
  4. „Иницијативата „Зелен хуман град" со независна листа ќе настапи на локалните избори во Скопје“. МОФ. Скопје. 14 јули 2021. Посетено на 19 август 2021.
  5. „„МојКандидат": „Зелен хуман град" повикува граѓаните да се кандидираат на независна листа за Скопје“. МОФ. Скопје. 20 јули 2021. Посетено на 19 август 2021.
  6. „„Зелен хуман град" почнува со собирањето потписи за нивните листи на претстојните локални избори“. Слободен Печат. Скопје. 17 август 2021. Посетено на 19 август 2021.
  7. „Ана Петровска, кандидат на „Зелен хуман град" за градоначалник на Скопје: Да ги направиме оние промени кои граѓаните толку желно ги очекуваат“. Слободен Печат. Скопје. 17 август 2021. Посетено на 19 август 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]