Зелен скакулец
| Зелен скакулец | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Потколено: | Шестоноги |
| Класа: | Инсект |
| Ред: | Правокрилци |
| Подред: | Ensifera |
| Семејство: | Tettigoniidae |
| Род: | Tettigonia |
| Вид: | T. viridissima |
| Научен назив | |
| Tettigonia viridissima (Linnaeus, 1758) | |
Зелениот скакулец (Tettigonia viridissima) е правокрилен инсект во семејството на Tettigoniidae. Има добро развиени трети нозе за скокање. Достигнува должина до 3,5 cm. Пипалата му се подолги од телото и се свртени наназад. Телото му е зелено. Кога е во зелена средина (трева, гранки, лисја) не се забележува и сосема е заштитен. Активен е преку ден. Се среќава по ливади и ниви во текот на летото и есента. Распространет е низ цела Македонија. [1]
Распостранетост
[уреди | уреди извор]Зелениот скакулец може да се најде од западна европа до источна кина. [2] Широко распостранет од низините сè до 2000 м во планините; во различни (обично влажни) станишта, на лето мажјаците се огласуваат од високите дрвја. Се хранат со растенија и инсекти. Јајцата (снесени во земјата) хибернираат; имага – од Јули до Октомври. [3]

Опис
[уреди | уреди извор]Мажјаците се долги 28-36 mm, а женките од 32 до 42 mm. Вкупната должина од главата со крилјата е 5сm. Зелениот скакулец е најчесто зелен по боја со кафеава пруга на горниот дел на крилјата. Кај женката, овипозиторот е долг до крајот на крилјата.
Овој вид е главно месојаден кој се храни со инсекти (муви, лисни вошки, итн.). Нивните јајца презимуваат и младенчињата се појавуваат во пролетта. Младенчињата растат преку отфрлање на нивната кожа повеќе пати, преку кое нивната крајна форма има целосно созреани крилја и репродуктивни органи. Овој вид е активен во дента и ноќта, пеејки од попладне до ноќта. Женката положува група јајца во растресита земја, покријани во слуз кој се зацврстува во отворен воздух. [2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Мажјак зелен скакулец свирејки во поле
- Младенче на растение Phleum pratense
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонска Енциклопедија II (стр. 1365)“ (PDF).
- 1 2 „Inventaire national du patrimoine naturel - информации за зелениот скакулец“. Архивирано од изворникот на 2020-09-19. Посетено на 2023-08-30.
- ↑ „Фауната на Правокрилците на националниот парк Пелистер (стр. 50 и 51)“.