Зелениче (растение)
| Зелениче | |
|---|---|
| Зелениче | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносеменици |
| Нерангирано: | Евдикоти |
| Нерангирано: | Астериди |
| Ред: | Линцуровидни |
| Семејство: | Apocynaceae |
| Потсемејство: | Rauvolfioideae |
| Племе: | Vinceae |
| Род: | Vinca Л. |
| Вид: | V. minor |
| Научен назив | |
| Vinca minor Л. | |

Зелениче ( латински: Vinca minor) е зелјесто повеќегодишно растение (измиени) со виолетови цветови и постојано зелени листови. Поради своите листови, ова растение станало симбол на бесмртноста. Порано се сметало за симбол на невиноста и чедноста. Покрај сето тоа, означува и вечно пријателство. Во поранешните периоди ( среден век и подоцна) за време на јавните погубувања, блиските роднини или пријатели на осудениот носеле цветови од зеленичиња со значење дека душата на погубениот, без разлика на стореното дело, сепак ќе се пресели во рајот, дека осудениот не е виновен и дека невин бил погубен. Во христијанската религија и иконографијата, зеленичето го претставува невиното страдање на Исус Христос.
Опис на растението
[уреди | уреди извор]Зелениче е повеќегодишно растение кое може да порасне од 20 до 25 сантиметри. Најдобро расте на влажна почва, но може да се најде и на малку посува почва. Припаѓа во нивото на ниска вегетација. Може да се најде во шумите и ливадите, обично со грмушки и дрвја. Се користи во народната медицина.[1]
Повеќегодишно тревесто растение или полугрмушка со полегнато, тенко стебленце, до 100 цм долго. Фертилните (цветни) стебленца подигнати или вертикални и се до 20 цм високи. Листовите се долги 1,5–5 цм, 0,5–2,5 цм широки, зимзелени, кожести, издолжено-ланцетни, елиптични или јајцевидни, во основата клиновидно се стеснуваат, на врвот заострени или понекогаш затапени. Страничните жилки излегуваат од средишната жилка под агол од 30–50° и кон работ силно се разгрануваат.[1]
Цветовите се поединечни во пазувите на листовите. Цветните дршки често подолги од пазувниот лист. Чашката 3–5 мм долга, длабоко всечена на тесно ланцетни или триаголни голи сегменти. Венчето е сино, со 9–11 мм долга венечна трубичка, со косо отсечени сегменти со дијаметар 25– 30 мм. Плодот се состои од два мешковидни дела (мевчиња), со должина 15–25 мм, со кафеави, брадавичести семки. Вирее во појас на дабови шуми, покрај грмушки, по брдски пасишта.[1]
Често се одгледува како украсно растение.[1]
Во Македонија може да се најде во јужна Македонија, околу Пелистер.[1]
Лист
[уреди | уреди извор]Листовите се зелени во текот на целата година. Широки се од 2,5 до 3 и долги 4 сантиметри. Тие се со темно-зелена боја и имаат правилена форма. Имаат мазни рабови. Тие имаат најсилно лековито својство и од нив се прави сируп. Исто така во сушена и мелена форма се користат како зачин.
Цвет
[уреди | уреди извор]Цветовите на зеленичето се виолетови или модро-сини. Цветаат кон крајот на летото и се долги околу еден сантиметар. Се составени од 5 венечни ливчиња. Во ретки случаи, може да биде и во бела боја. Има пријатен мирис. И цветот, како и другите делови од растението, има лековити својства, па затоа има и примена во медицината.
Стебло и корен
[уреди | уреди извор]Стеблото е во форма на колено, со должина помеѓу 10 и 20 сантиметри. Има мал обим и лесно се свива, како и кај другите зелјести растенија. По боја е малку посветло од листовите. Коренот е нешто малку помал, најчесто долг околу 7 сантиметри. Сличен е како и кај другите зелјести растенија.
Плод
[уреди | уреди извор]Плодовите се мали и не се забележуваат лесно. Долги се од 2 до 2,5 сантиметри и имаат големи семиња.
Литература
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|