Сигурносен прстен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зегеров прстен)
Сигурносни прстени
Внатрешен сигурносен прстен
Клешти за сигурносни прстени држат внатрешен сигурносен прстен

Сигурносниот прстен или Зегеровиот прстен служи како осигурувач од осно поместување на оска или вратило, односно делови кои лежат на оска или вратило, или се вметнати во соодветно куќиште. Најчесто се употребуваат како осигурувачи против испаѓање на болцни, за позиционирање на валчести лежишта на вратило или во куќиште, како и за осно позиционирање на разни машински делови (макари, ременици, запченици) на оски или вратила. Надворешните и внатрешните сигурносни прстени се навлекуваат со специјални клешти за сигурносни прстени на болцни, оски и вратила или се вовлекуваат во лежишта.

Видови сигурносни прстени[уреди | уреди извор]

Сигурносните прстени се делат на:

  • надворешни сигурносни прстени кои се вметнуваат во соодветен обликуван жлеб на оската или вратилото; мерите на надворешните сигурносни прстени и жлебови во оските или вратилата се стандардизирани спрема DIN 471.
  • внатрешни сигурносни прстени кои се вметнуваат во соодветен обликуван жлеб во куќиштето; димензиите на внатрешните сигурносни прстени и жлебови во куќиштето се стандардизирани спрема DIN 472.

Материјал од кои се изработени сигурносните прстени[уреди | уреди извор]

Сигурносните прстени се изработуваат од челик за пружини (на пр. C55E, C60E спрема EN 10027-1) со затегнувачка цврстина Rm ≈ 1200 N/mm2, која ги осигурува потребните својства за нивна еластичност. Имено, при вградување на сигурносните прстени потребно е со посебни клешти прилично еластично да се деформираат (надворешните сигурносни прстени се растегнуваат, а внатрешните да се притегнуваат), за да може да се вметнат во жлебот на оската или вратилото, односно во куќиштето. Во насока кон слободните краеви сигурносните прстени имаат нешто намален попречен пресек, со што се осигурува рамномерна еластичност на сигурносниот прстен по цел негов обем, а со тоа и рамномерен површински притисок на страниците на жлебовите во радијална насока.

На сигурносните прстени не им се проверува посебно цврстината, туку се проверува само можната осна сила (на пр. од делувањето на цилиндрични запченици со коси заби, конусни запченици, итн.) која го оптоварува сигурносниот прстен на површински притисок, свивање и кинење. Таа сила мора да биде помала од допуштеното осно оптоварување на сигурносниот прстен. За големи осни сили наместо сигурносен прстен се употребуваат матици, поклопци на лежишта и други конструктивни решенија кои осигуруваат појако осигурување на осната положба на машинските делови.

Наводи[уреди | уреди извор]