Зеамет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зеамет – особен вид на земјиштен имот во Османлиското Царство со годишен приход од 20 000 до 100 000 акчиња. Зеаметите биле определени не толку според површината на земјата, колку по годишниот приход од неа.

Зеаметите се делеле од фондот на државни земјишта во замена за воена служба или други задолженија кон централната власт. Управителот на зеаметот бил задолжен при воените походи да обезбеди вооружени коњаници за турската армија, по еден за секои 5 000 акчиња од доходот на зеаметот. Во 1844 година, воено-земјениот систем бил укинат.

Поврзано[уреди | уреди извор]