Прејди на содржината

Здружение на книжевниците на Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Здружение на книжевниците на Србија
Удружење књижевника Србије
Udruženje književnika Srbije
Седиштеул. Француска бр. 7, Белград
МестоСрбија
Клучни лицаМилош Јанковиќ (претседател)
Мреж. местоuksrbije.org.rs

Здружение на книжевниците на Србија (ЗКС) — здружение основано на 26 мај 1905 година, во станот на Српската книжевна задруга, со присуство на 21 писател, а под претседателство на Милан Милиќевиќ, доајенот на српските писатели по возраст, кога е донесена одлуката за основање на Српското книжевно друштво. Гласило на Друштвото бил весникот „Књижевне новине“, основан во 1948 година.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

На Здружението на книжевниците на Србија му претходеле:

  • „Друштво за уметност“ (1883)
  • „Книжевно-уметничка заедница“ (1892)
  • „Друштво на српските писатели и уметници“ (1902)

Овие друштва се сметаат за претходници на „Српското книжевно друштво“.

Главни цели

[уреди | уреди извор]

Главните цели на Српското книжевничко друштво се:

  • да ги здружи српските писатели во една заедница
  • да ги заштити професионалните интереси на своите членови
  • да ги регулира меѓусебните односи
  • да се регулираат односите со издавачите и публиката
  • да ги олеснат условите за нивната книжевна работа
  • да им помогне на своите членови или нивните семејства кои се нашле во тешка финансиска состојба

Прва управа

[уреди | уреди извор]
Програма на кижевната вечер на Здружението на книжевници на Србија, што се одржала во задужбината „Илија М. Коларац“, на 26 ноември 1949 година.

Првиот одбор од пет члена бил избран со тајно гласање.[2] Негови членови биле:

Основачи

[уреди | уреди извор]

Основачи и први чланови Српското книжевничкоКни друштво биле: д-р Александар Белиќ, Боривоје Поповиќ, Добросав Ружиќ, Драгомир Јанковиќ, д-р Драгољуб Павловиќ, Драгутин Илиќ, Живојин Дачиќ, д-р Јован Скерлиќ, д-р Лујо Војновиќ, Љубомир Јовановиќ, Милан Милиќевиќ, Милован Глишиќ, Милорад Ј. Митровиќ, Милорад Павловиќ, д-р Никола Вулиќ, Павле Поповиќ, Петар Одавиќ, Радоје Домановиќ, Риста Одавиќ, Симо Матавуљ, и д-р Станоје Станојевиќ.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Књижевне новине“. Званични веб-сајт. Удружење књижевника Србије. Архивирано од изворникот на 04. 09. 2018. Посетено на 25. 11. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „Званичан сајт Удружење књижевника Србије“. Удружење књижевника Србије. Архивирано од изворникот на 19. 01. 2019. Посетено на 23. 1. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]