Прејди на содржината

Зграда на Општина Гевгелија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зграда на Општина Гевгелија
Поглед на зградата (2014 г.)
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видзграда
АдресаДимитар Влахов бр. 4
ГрадГевгелија
Земја Македонија
Завршена1936
СопственикОпштина Гевгелија
Технички податоци
Катови1

Зграда на Општина Гевгелија — стара административна зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Зградата се наоѓа во средишниот дел на градот Гевгелија, на улицата „Димитар Влахов“ бр. 4.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Објектот е подигнат во 1936 година како општинска зграда што подоцна станала судница.[1]

Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 5 ноември 2004 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[2]

Денес е седиште на Општина Гевгелија во кои се наоѓаат службените простории на општината.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Нема изворни податоци за тоа кој е архитект на овој објект, иако претпоставка е дека се работело за некој белградски архитект.[1]

Објектот бил замислен како издигнато приземје со кат и подрумски простории.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 „Туризам“. bansko-gevgelija.airbansko.org. Посетено на 2022-02-23.
  2. „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 4 септември 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]