Звонко Стојановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Звонко Стојановиќ Хаџипоп (р. 14 декември 1932 во Мостар) — поет, прозаист, писател за деца. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членува во Друшвото на писателите на Македонија од 1973 г.

Во 1996 г., Американскиот биографски институт од Роли, Северна Каролина нему и на неговиот брат Љубиша Стојановиќ (1936-2006) им доделува дипломи за личности од целиот свет за особени заслуги во современото општество и ги вклучува во Библиографска енциклопедија (VI изд. за 1997 година).

Добитник е на наградата „РТВ Скопје“ на СВП за книгата „Децата скакаат до сонцето“.

Дела[уреди | уреди извор]

  • „Децата јаваат на ѕвезди“ (поезија),
  • „Децата скакаат до сонцето“ (поезија за деца, 1983),
  • „Добрите говорат утре“ (поезија, 1972)
  • „Годишно време љубов“ (роман, 1990)
  • „Цветот нема страни“ (роман, 1995)
  • „Виножитото ја докитува далечината“ (роман, 2000)
  • „Прометеј приземјува пламен“ (роман, 2000)
  • „Светлината создава сè“ (роман, 2000)
  • „Најдрагите наидуваат надвременски“ (2013)