Звонимир Јуриќ
| Звонимир Јуриќ Zvonimir Jurić | |
|---|---|
| Роден(а) | 4 јуни 1971 Осиек, СФР Југославија |
| Занимање | Филмски режисер, сценарист |
| Активен | 1996 – денес |
Звонимир Јуриќ (Осиек, 4 јуни 1971) – хрватски филмски режисер и сценарист кој во 2009 година бил ко-режисер и ко-сценарист на психолошката воена драма од 2009 година насловена Црнците.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Роден во Осиек, СФР Југославија, на 4 јуни 1971 година, основно и средно завршил во својот роден град, а како тинејџер во 80 години на 20 век се појавил во помали улоги во голем број ТВ серии продуцирани од ТВ Загреб, како што биле биографската серија од 10 дела Никола Тесла (1977), партизанската серија Непокорен град (1982) и популарната детска серија Смоговци (1982).[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]По завршување на средното училиште, го поминал семестарот 1991-92 студирајќи филмска режија на Универзитетот Лојола Меримаунт во Лос Анџелес, а во 1992 година се вратил во Хрватска и се запишал на одделот за филмска режија на Академијата за драмски уметности во Загреб.
Додека бил студент на академијата, Јуриќ режирал неколку кратки филмови и документарни филмови[2], а во 2017 година, тој ја потпишал Декларацијата за заеднички јазик на Хрватите, Србите, Бошњаците и Црногорците.
Режисерско деби на долгометражен филм
[уреди | уреди извор]Неговиот режисерски деби игран филм (кој го ко-режирал и ко-сценарирал со Горан Девиќ) бил критички призната психолошка воена драма од 2009 година со наслов Црнците кој се занимавал со фиктивна единица на хрватската армија која одбила да го положи оружјето за време на прекинот на огнот во Хрватската војна за независност[3], а филмот им ја донел на Јуриќ и Девиќ Златната арена за најдобар режисер на Филмскиот фестивал во Пула во 2009 година, хрватските национални филмски награди.
Потоа бил и избран како хрватски кандидат на 83-то доделување на наградите Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје[4], но за жал не успеал да влезе во конечниот потесен избор.[5]
Филмографија
[уреди | уреди извор]- Загребски приказни ( 2002; сегмент)
- Секс, пијалок и крвопролевање (2004; сегмент)
- Црнци (2009; ко-режисер)
- Косач (2014)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Zvonimir Juric“. Internet Movie database. Посетено на 20 May 2011.
- ↑ „Zvonimir Jurić“. Film.hr (хрватски). Архивирано од изворникот на May 14, 2011. Посетено на 20 May 2011.
- ↑ „Crnci“. Filmski.net (хрватски). Архивирано од изворникот на 28 September 2011. Посетено на 20 May 2011.
- ↑ „The Blacks represents Croatia for Oscar bid“. filmneweurope. Архивирано од изворникот на 2011-02-06. Посетено на 2010-09-30.
- ↑ „9 Foreign Language Films Continue to Oscar Race“. oscars.org. Посетено на 2011-01-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Звонимир Јуриќ на Film.hr (на хрватски)
- Звонимир Јуриќ на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|