Прејди на содржината

Зборовна игра

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зборовни игри или јазични игриигри во кои играчите се натпреваруваат во образување, смислување или погодување зборови според одреден збир правила.[1] Може да биде која било игра што вклучува образување, откривање или менување на еден или повеќе зборови.[2]

Зборовните игри можат да бидат: говорни (вербални), игри со хартија и молив или игри на плоча. Повеќето стручњаци се согласуваат дека тие се јавуваат само во неколку облици, кои се ограничени на распоред на букви, замена на букви или пополнување празнини. Ваквите игри често се направени да ги проверат јазичните вештини на играчот или да ги истражат својствата на јазикот. Тие обично се практикуваат како облик на забава, но се користат и за педагошки цели.[3] Некои од овие игри вклучуваат елементи на случајност или „среќа“ (како што е скрабл), додека други бараат одредено знаење или вештина (крстозборките се еден таков пример).[4]

Историја

[уреди | уреди извор]
Пример за палиндром, пронајден во Помпеја

Играта отсекогаш била една од омилените активности на човекот. Веројатно е дека првите луѓе што го развиле говорот биле и првите што ги измислиле игрите со тој говор. Зборовните игри веројатно постоеле, во некој облик, откога постои и јазикот, бидејќи тие се условени исклучиво од способноста на човекот да зборува, чита и пишува.

На пример, зборот „игра“ се појавува во староанглискиот јазик околу 1200 година пр. н. е. До средината на 16 век, луѓето изгледа го користеле поимот „игра“ за да опишат некаков вид забава или спорт. Подоцна, се појавиле коцкарските игри, а наскоро и концептот на игри какви што ги знаеме денес. Кога некој ќе помисли на игри со зборови, првата асоцијација што веројатно му паѓа на ум е крстозборката, која можеби е една од најраните игри со зборови во денешната смисла.

Првите облици на крстозборки се појавиле кон крајот на 16 век, но нивниот сегашен препознатлив облик не се појавил сè до околу 1913 година во Соединетите Американски Држави. Понатамошниот развој на зборовните игри зел различни насоки, но повеќето стручњаци се согласуваат дека тие се појавуваат само во неколку облици, кои се ограничени на распоред на букви, замена на букви или пополнување празнини.[4]

Во современото општество

[уреди | уреди извор]

Во современото општество, зборовните игри понатаму се развиваат, станувајќи предизвик што ги проверува јазичните вештини и/или знаење. Како такви, бидејќи се многу забавни, тие наскоро станале натпреварувачки, но исто така влегле и во педагошката пракса. Денес, постојат неверојатни можности за уживање во зборовни игри, почнувајќи од игри со пенкало и хартија, игри на друштвени игри на плоча, па дури и голем број различни апликации создадени за компјутери и „паметни“ телефони.[4] Исто така, постојат популарни ТВ-квизови што вклучуваат игри со зборови, а во кои победниците можат да освојат вредни парични награди. Многу зборовни игри имаат меѓународна популарност и можат да се играат на многу јазици, додека некои се единствени за одреден јазик.[3]

Придобивки

[уреди | уреди извор]
Скрабл, една од најстарите игри со зборови што се играат на табла

Некои од придобивките од зборовните игри се:

Зборовните игри не се ограничени според возраста. Тие можат да ги играат, во зависност од сложеноста, сите поколенија. На пример, малите деца можат да уживаат играјќи едноставни игри како што е „Бесилка“, додека развиваат важни вештини како што се читање, пишување и правопис. Од друга страна, решавањето крстозборки е игра која бара побогат речник. Оваа активност долго време е позната како добар начин за одржување на острината на умот кај постарите лица.[3]

Во функција на учење преку игра, можат да се користат различни видови зборовни игри. Тие можат да бидат: игри со букви и зборови, јазични и книжевни игри, ребуси, игри со пополнување зборови и крстозборки. Сите овие и други облици имаат поттикнувачка улога и го зголемуваат нивото на занимливост, придонесувајќи за пријатна и опуштена работна атмосфера. Учењето преку игра ја зголемува независноста на учениците, љубопитноста на духот, ги развива способностите за размислување, набљудување, логичко расудување и голем број други ментални операции. Во текот на овој процес, ученикот не е пасивен примател на информации, туку е многу активен учесник.[5] Некои проучувања за развојот на говорот и размислувањето кај децата од социо-културно ускратени средини покажуваат дека им недостасувало јазично истражување и вообичаената игра со зборови, што го олеснува зголемувањето на комуникативните вештини и служи за проширување на знаењето.[6]

  • проширување на речникот, односно вокабуларот,
  • развивање на способноста за размислување и вештини за логичко расудување,[5]
  • одржување на менталната активност,[3]
  • помош при учење странски јазици,
  • инвентивност и развој на личноста, и многу други.[7]

Во педагогијата

[уреди | уреди извор]
Пример на „бесилка“ на англиски јазик во тек; решението е зборот Wikipedia. Здола се напишани искористените букви кои не се наоѓаат во зборот

Придобивки од игрите со зборови за развој на децата

[уреди | уреди извор]

Овие игри се одличен начин да се започне разговор за тема што е важна за детето. На овој начин, детето не само што успешно пристапува кон темата, туку му се дава и „оружје“ да почне да гледа на она што во тој миг му е проблем, на поинаков начин преку играта. Во исто време, преку разни игри со зборови, речникот на детето се проширува, а исто така има влијание на подобар изговор, памтење итн. Исто така, за срамежливо дете или дете кое има разни стравови и вознемиреност, игрите со зборови можат да помогнат во надминувањето на овие тешкотии на најбезболен и најдобар начин.[8]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Концептот и сложеноста се различни кај секоја игра . Некои, како што се крстозборите, бараат добро општо знаење и богат вокабулар и воопшто не зависат од случајност. Од друга страна, скрабл е игра која бара богат вокабулар, но исто така зависи од случајност, или „среќа“, бидејќи изборот на букви е случаен[4]

Усни игри

[уреди | уреди извор]

Пишувани игри (со молив на хартија)

[уреди | уреди извор]

Игри на табла

[уреди | уреди извор]

Игрите со зборови совршено се вклопуваат во природата на компјутерските и онлајн игрите. Тие се лесно достапни и често се бесплатни, а може да се играат и на компјутери и на паметни телефони. Тие се засноваат главно на пишани и друштвени игри, а многу веб-страници нудат богатство од такви апликации.[10]

Зборовниte игри и модерните технологии

[уреди | уреди извор]
  1. „word game“. Merriam-Webster (енглески). Merriam-Webster, Incorporated. Посетено на 23. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „word game“. Collins English Dictionary (енглески). Посетено на 23. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. 1 2 3 4 „Word game“. definitions (енглески). Посетено на 23. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 1 2 3 4 „A Brief history of Word Games“. Word Tips (енглески). Посетено на 24. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. 1 2 3 4 Šmit, V. H. O. (1999). „Jezičke igre u nastavi početnog čitanja i pisanja“. Razvoj deteta : biološki, kulturološki i vaspitni okvir proučavanja. Beograd: Zavod za udžbenike i nastavna sredstva. ISBN 86-17-07411-6. Посетено на 24. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  6. Јовановић, Славица. Наставни предмет: ЈЕЗИЧКЕ ИГРЕ (PDF). Шабац: Висока школа струковних студија за васпитаче. Посетено на 23. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  7. 1 2 3 Hale, Ali. „List of 50 Great Word Games for Kids and Adults“. Daily Writing Tips. Посетено на 24. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. 1 2 Holcer, Jelena. „Igra rečima“. Moj pedijatar. Посетено на 24. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. Српске народне умотворине: кратки говорни облици. Београд: Креативни центар. 2016. стр. 315. ISBN 978-86-529-0327-6.
  10. Manalo, Amboy. „The 11 Best Free Word Games for iPhone & Android“. Gaming. Посетено на 24. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)