Прејди на содржината

Зборови (стихозбирка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зборови
Paroles
АвторЖак Превер
Изработувач на
корицата
Брасаи
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрПоезија
ИздавачЛе Калиграф
Издадена
1946
841.914

Зборови (француски: Paroles) — поетска збирка од Жак Превер од 1946 година.[1]

Поезијата на Жак Превер, напишана на едноставен јазик, содржи длабоко емотивни слики, имагинативни и иронични, со длабоки значења и алузии. Често непосредни, остри и општествено ангажирани, тие ги одразуваат човечките грижи и судири како во огледало. Авторот мајсторски го манипулира јазикот, ставајќи зборови во контексти што предизвикуваат размислување, откривање и преиспитување. Тој создава, сликајќи со своето перо, магични слики и сцени извлечени од секојдневието, заситени со боја, звук и подробности.

Збирката доживеала голем успех и била повеќе пати издавана во следните години. Некои од песните во неа, некои дури и пред нејзиното објавување, станале основа за популарни песни изведени од познати уметници, како што се Маријан Освалд, Ив Монтан, Жилиет Греко, Марлен Дитрих, Серж Реџани.

Книгата била рангирана на 16-то место на списокот на 100 книги на 20 век според „Ле Монд“.[2]

  1. „Paroles“.
  2. „Ecrivains et choix sentimentaux“. Архивирано од изворникот на 2012-05-27. Посетено на 2025-09-16.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)