Збег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Локалитетот Маркови Кули над Скопје е типичен пример на тврдина од типот на збег

Збег (лат. refugium, мн. refugia) — вид на утврдување и археолошки поим. Збеговите биле градени на скриени места на зафрлени и тешко пристапни терени најчесто во ридестите и планинските предели. Тие се користеле повремено во случај на напад, за многу подоцна и да бидат постојано населени. Нивната големина се движела околу 1 хектар.