Прејди на содржината

За штетноста на тутунот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чехов во 1905

За штетноста на тутунот (руски: О вреде табака) — едночинка од Антон Чехов. Драмата има еден лик, Иван Иванович Њухин. Првпат објавена во 1886 година, драмата била ревидирана од Чехов и е најпозната по нејзината верзија од 1902 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството се одвива во градското собрание. Сопругата го замолила Њухин да одржи предавање за „штетноста на тутунот“, иако е пушач. Тој нагласува дека ова ќе биде суво и здодевно предавање, но секогаш ја одложува вистинската тема зборувајќи за своите проблеми со неговата доминантна сопруга.

„Патем, морам да ви кажам дека жена ми води интернат. Па, не баш интернат, туку нешто слично. Само меѓу нас, жена ми сака да се жали на тешки времиња, но си ставила настрана мало гнездо... околу четириесет или педесет илјади рубли. Што се однесува до мене, немам ниту копејка на мое име, ниту денар...“

Тој сака да ѝ се спротивстави на својата сопруга, сака да избега, да заборави и да биде сам. Симболично го фрла својот стар, излитен елек, но одеднаш повторно го крева, бидејќи

„Таа е тука. Мојата сопруга е таму во крилото и ме чека.“

До крајот на монологот, Њухин речиси и да не кажал ништо целесообразно за штетните ефекти на тутунот, но ја замолува публиката да не го издава:

„Ако ве праша, ве молам, ве преколнувам, кажете ѝ дека нејзиниот сопруг-страшило, мислам, предавачот, јас, се однесувал достоинствено.“

Историја на објавување

[уреди | уреди извор]

Претставата првично била објавена на 17 февруари 1886 година во Петербургскаја газета, под наслов „Монолошка сцена“ и потпишана со А. Чехонте. Подоцна истата година, во ревидирана верзија била вклучена во збирката Шарени приказни (Пестрые рассказы) објавена во Москва.[1]

Подоцна Чехов продолжил да ја ревидира, сè додека попознатата верзија од 1902 година не била вклучена во томот 14 од „Целосните дела“ од А.П. Чехов, објавени од Адолф Маркс во 1903 година.[1]

  1. 1 2 Commentaries to О вреде табака // Чехов А. П. Полное собрание сочинений и писем: В 30 т. Сочинения: В 18 т. / АН СССР. Ин-т мировой лит. им. А. М. Горького. — М.: Наука, 1974—1982. / Т. 13. Пьесы. 1895—1904. — М.: Наука, 1978. — С. 189—194.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]