За слобода и вистина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

За слобода и вистина — последната прокламација на Унгарската народна влада напишана на 4 ноември 1956 година во Будимпешта за време на Унгарска револуција од 1956 година. Нејзин автор бил Државниот министер Иштван Бибо, кој бил единствениот член и претставник на владата кој останал во парламентот, очекувајќи да биде уапсен од страна на советските воени сили.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Советската армија нападнала во раните утрински часови на 4 ноември 1956, а Имре Наѓ ја посетил советската амбасада за да преговара, но не се вратил. Во текот на утрото, Золтан Тилди заедно со Иштван Сабо и Иштван Бибо одржале состанок во парламентот, но кога советскте трупи пристигнале и го опколиле објектот, Золтан Тилди тргнал да преговара со нив и успеал да се спогоди дека советските сили можат да го окупираат објектот откако сите цивили безбедно ќе го напуштат и самиот тој исто така да го напушти.[1]

Авторот на прокламацијата, Иштван Бибо, бил единствениот министер во состав на владата кој останал на функцијата во парламентот и со тоа се сметал за единствениот претставник на унгарската влада за време на настаните.[1]

Прокламацијата[уреди | уреди извор]

Прокламацијата повикувала дека унгарската влада не бара водење на анти-советска политика и ги отфрлила обвинувањата дека револуцијата била раководена од страна на фашисти. Таа предлагала дека унгарската влада е онаа која требала да ја ограничи оклократијата и укажувала дека интервенцијата на странска армија била главната причина за тензиите.[1]

Иштван Бибо ги повикал Унгарците да не ја признаат советската марионетска влада како правен авторитет и да пружат отпор преку пасивна граѓанска непослушност, но не и граѓанска војна. Авторот бил во владата само еден ден и навел дека причината поради којашто не повикал на вооружен отпор била дека не бил свесен за воената состојба.[1]

Авторот ги повикал големите сили во светот и Обединетите нации да ја заштитат слободата на унгарскиот народ во склад со Повелбата на Обединетите нации.[1]

Прокламацијата ја прогласила Државната министерка Ана Кетли да биде единствениот овластен претставник на унгарската влада во странство.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 For Freedom and Truth, Reformed Church in Hungary, 16 октомври 2016.