За нас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За нас  
Za nas.jpg
Насловната корица
АвторФилип Петровски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Издадена2003
СледнаУште еднаш за нас

За нас е книга од авторот Филип Петровски од 2003 година, во издание на Македонска книга Скопје. Во книгата се содржани 37 поглавја, вклучувајќи ги воведот и додатокот. Книгата е посветена на студентските протести од 1997 година, на политичките случувања и современата македонска политичка историја во периодот од 1995 до 2005 година, како и на активноста на Филип Петровски во тој период. Во книгата се поместени два поговора, едниот со наслов „Борба на пратеникот“ напишан од Стојан Андов, и вториот со наслов „Исповед и протест“ напишан од Слободан Чашуле. Книгата е преведена на бугарски јазик.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во воведот што го дава самиот автор, најпрво на читателите им објаснува кои се поривите да биде напишана книгата:

Бидејќи бев пратеник во тоа време, се зафатив да ги средам и да ги објавам говорите, настапите што ги имав на парламентарната говорница, а и некои интервјуа поврзани со тематиката што ја допирав преку мојот парламентарен ангажман. Сметав дека тоа е обврска којашто ја има секој чесен политичар и на која треба да одговори.[2]

Голем дел од книгата го сочинуваат текстовите од настапите на Филип Петровски како пратеник, како и неколку текстови од главните настапи на авторот во периодот кога тој не беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Структурата на книгата е многу едноставна: после воведниот дел сместени се триесет и четири подолги или пократки текстови, а на крајот е ставен „Додаток“ кој содржи четири документи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=8A6A526D3AE6EE458A6CEFC44A4B42C4
  2. Филип Петровски: „За нас“, Македонска книга 2002, стр. 9-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]