За кожата на еден полицаец
Изглед
„За кожата на еден полицаец“ (француски: Pour la peau d’un flic) – филм на режисерот Ален Делон од 1981 година. Делон ја игра и главната улога, а покрај него, во филмот настапуваат и Мирел Дарк и Ан Париљо.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Поранешниот париски полицаец Шука сега работи како приватен детектив, заедно со таинствениот партнер Тарпон и со секретарката Шарлот. Средовечната жена Изабел го најмува Шука да го истражи исчезнувањето на нејзината слепа дваесетгодишна ќерка, а полицискиот инспектор Пижо бара од Шука да се откаже од истрагата. Сепак, тој решава да продолжи, но кога ќе се состане со Изабел, непознат човек ја убива...