За Македонија заедно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 18:50, 11 април 2010; направена од Brest-bot (разговор | придонеси) (Бот: козметички промени)

За Македонија заедно е предизборна коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Либерално демократската партија. Коалицијата е создадена пред локалните избори во 2000 година и со променлив состав учествува на сите следни парламентарни и локални избори.

На почетокот, кога беше формирана за локалните избори во 2000 година тоа беше коалиција помеѓу четири партии: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Либерално демократската партија, Социјалистичката партија на Македонија и Лигата за демократија.

До парламентарните избори во 2002 година, коалицијата прво ја напушти Лигата за демократија, а потоа и Социјалистичката партија на Македонија. Но, истовремено кон коалицијата се приклучија неколку помали партии, главно претставници на етничките малцинства во Република Македонија. Тоа беа: Демократската партија на Турците, Демократската лига на Бошњаците, Обединетата партија на Ромите, Демократската партија на Србите, Демократскиот сојуз на Власите, Работничко-земјоделската партија, Социјалистичката христијанска партија и Зелената партија на Македонија.

Пред парламентарните избори во 2006 година коалицијата ја напушти Демократската лига на Бошњаците, која потоа коалицира со Демократската унија за интеграција и Партијата за демократски просперитет.

Наводи

Видете исто така