За Арменско 1903 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
„За Арменско 1903 година“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина7:03 (Александар Сариевски)

За Арменско 1903 годинамакедонска народна песна. Песната е посветена на Битката кај Арменско за време на Илинденското востание. Песната има патриотски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Ми пороси, мамо, ситна роса,
тамо долу, мамо, во Леринско,
дури горе, мамо, во Арменско.

Не ми била мамо ситна роса,
тук ми била, мамо, турска војска,
јаничари мамо, зулумќари.

Голем зулум мамо направија,
многу деца, мамо, ми избија,
деведесет и три мирни души.

Клети Турци мамо, зулум прават,
во Арменско, мамо, колат, бесат,
најнапред им беше Арни паша.

Жени плачат мамо, пиштат деца,
крв се лее, мамо, на сите страни,
крв се лее, мамо, на сите страни.

Многу мили мамо, Македонци,
изгинаа мамо, во Арменско,
од клетите Турци, јаничари.

Се собраа, мамо, силни борци,
силни борци, мамо, арменчани,
со војвода, мамо, Кузо Блачев.

Славните водачи: Блачев, Влахов,
Чакаларов, мамо, и дедо Кочо,
со осум стотини храбри борци,
зафатија мамо, силна борба,
натераа Турци да одстапат,
дури долу мамо, до град Солун.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]