Зајаците во Австралија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во Австралија, зајаците се штетни цицачи и се инванзивни видови. Годишно, европските зајаци причинуваат милиони долари штета на земјоделските култури.

Последици на екологијата во Австралија[уреди]

Од нивното внесување од Европа во 1859 год., последиците од зајаците на екологијата во Австралија се катастрофални. Зајаците се осомичени дека се најзначајниот фактор за загуба на видови во Австралија. Загубата на некои видови на растенија во овој момент е непозната. Зајаците често убиваат млади дрва во овоштарниците,шумите и на имоти изгрицкувајќи ги нив во круг. Зајаците,исто така се одговорни за сериозни проблеми со ерозијата, затоа што тие јадат локални растенија,оставајќи го горниот слој на почвата оголен и изложен на отпадоци и ерозија. Отстранувањето на горниот дел од почвата е катасрофа за земјата, како што се и потребни стотици години за да се регенерира. “… обичниот зајак станува толку броен низ колонијата што на големите имоти трчаат и по илјадници. Разбираме, дека нема толку зајаци колку што има во старата колонија т.е Новиот Јужен Велс. Ова јасно покажува дека, локализираниот зајак и неговата екплозивна населеност беше во Тасманија во почетоткот на 19 век. Во исто време,во Кунингхам,Нов Јужен Велс е забележано дека зајаците се одгледувале во домовите, но се уште нема диви зајаци”. Тој забележа дека, терените обраснати со грмушки, песочните земјишта помеѓу Сиднеј и Ботанскиот залив би биле идеално место за одгледување зајаци. Заграденото земјиште се чини пространо за одгледување зајаци, отколку кафезите. Првиот од овие, во Синдеј,беше изграден од Александар Маклеј во куќата на Елизабета Беј, заштитен или зајачник, опкружен со камен ѕид. Во 1840-тите год. чувањето на зајаци стана уште по често, со примери на кражби на зајаци од домовите на луѓето кои се појавуваат во судската евиденција, како и зајаци кои влегуваа во исхраната на луѓето. Останува прашањето, зошто немаше избувнување пред почетокот на тековната зараза. Беше забележана чумата од локализираниот тесмански зајак, но ќе биде изненадување ако не се бега од многуте зајачарници и кафези кои се присутни во областа на европското доселување во североисточна Австралија. Можно е, локални грабливци, особено месојадци dasyurids, беа многу повеќе ефикасни како природни контролори на населението, отколку подоцна лисиците и дивите мачки. Кога се распадна нивната популација како резултат на природното живеалиште, а понекогаш и намерниот лов, зајачката популација може да се зголеми со многу помало ограничување. Сегашната зараза се чини дека потекнува од ослободувањето на 12 диви зајаци за лов, од имотот на Томас Аустин (Thomas Austin) , Barwon Park, во близина на Винхлесии,Викторија (Winchlsea,Viktorija), во Октомври 1859 год. Додека живеал во Англија, Аустин бил страствен ловец, редовно посветен на лов на зајаци за викендите. По пристигнувањето во Авсрталија, која нема локална популација со зајаци, Аустин го замолил својот внук во Англија, Вилијам да му прати 12 сиви зајаци, пет зајаци, 72 еребици и неколку врапчиња, за да може да си го продложи своето хоби и во Австралија со создавање на локална популација од овие видови. Сепак, Вилијам не можеше да најде доволно сиви зајаци за да ја исполни целта на вујко му. Па така тој ги замени со купување на домашни зајаци. Една теорија,како зајаците во паркот Барвон толку добро се прилагодија во Австралија е дека, комбинираните зајаците, кои резултираа со вкрстување на два различни типови кои беа прилично здрави и енергични. Многу други фармери, после Аустин, ги ослободија своите зајаци во дивината. Тогаш тој изјави : “воведувањето на неколку зајаци може да направи мала штета и може да обезбеди дом, згора на тоа и спорт за ловење”. Зајаците се екстремно плодни суштества, па така брзо се раширија низ јужните делови од земјата. Австралија има идеални услови за населување на зајаци. Со благи зими, зајаците може да се парат преку целата година. Со широко- распространето фармерство, областите кои беа пустини, места со грмушки или шумите, беа претворени во подрачја со ниска вегетација, создавајки совршени услови за зајаци. Во класичен пример на ненамерни последици, во рок од десет години од нивното воведување во 1859 година, зајаците станале толку распространети, што два милиони би можеле да бидат застрелани или заробени на годишно ниво, без да има ефект врз населението. Тоа беше рекорд, кој најбрзо се прошири каде било во светот. Денес, зајаците се распространете во јужните и централните области од земјата, со расфрлана населеност и во северните пустини.

Мерки за контрола[уреди]

Една стара отровна количка беше закопана мамка, отровна за да ги убие зајаците во Вулбрук, Нов Јужен Велс (Woolbrook,New South Wels). Во 1901 год. за да се испита ситуацијата се одржа кралско заседание. Кога еднаш проблемот беше разберен, беа пробани различни мерки за да се намали или ограничи бројот на зајаци во Австралија. Овие методи имаа ограничен успех, се до воведувањето на биолошки контролни методи во втората половина на 20-тиот век.

Традиционални мерки за контрола[уреди]

Стрелање на заајаците е една од најчестите контролни мерки. Сепак, ова е малку забележлив ефект за зајачкото население. Уништувањето на зајачарници (процедура каде зајаците се распарчени или закопувани живи) е често употребуван метод, особено на големите фарми. Песочните земјишта во многу делови од Австралија го овозможуваат и олеснуваат овој метод на отстранување. Труењето,најверојатно е најраспространета техника за традиционална контрола, исто така не бара голем напор. Лошата страна на овој метод е тоа што зајаците не можат да се употребат за исхрана на луѓето или милечињата. Една друга техника е ловење со ласици, каде што ласиците се распоредени да ги бркаат зајаците за да можат да бидат застрелани или пак да бидат фатени ви мрежа. Откако бројот кој што ласиците можат да ги убијат зајаците е ограничен, овој метод е повеќе како ловечка активност отколку како метод за контрола. Во 1907 год. во западна Австралија, меѓу Cape Keraudren и Esperance , беше изградена ограда отпорна на зајаци за да се контролира нивното населување. Европските зајаци може да скокаат многу високо како и да копаат длабоко под земјата. По претпоставка, дека совршено недопрената ограда од стотици милји и претпоставувајќи дека земјоделците не ги оставаат портите отворени, за жал не беше успешно.

Биолошки мерки[уреди]

Пуштањето на зајаци со преносливи болести се докажа како успешен метод за контрола на зајачката популација. Во 1950 год.,по истражување спроведено од Франк Фенер (Frank Fenner), миксозатоза беше намерно оставана кај зајаците, причинувајчки да се намалат од 600 милиони на 100 милиони. Во 191 год генетскиот отпор за останување на заздравување на зајаци е околу 200-300 милиони. За борба против овој тренд, во 1996 год., Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation (CSIRO) oрганизацијата за заедничко научно богатсво и индрустриско истражување, разви и случајно го испушти калики вирусот (calicivirus, исто така познат како крварење кај зајаците(Rabbit Haemorrhagic Disease,RHD). Се откри дека, вирусот е поефикасен при екстремна топлина. Ова беше вака, затоа што имаше и друг калики вирус во постудените и повлажните области во Австралија и овој вирус ги имунизирал зајаците против поопасните форми. Постоеше легална вакцина против овој вирус. Нема лек за миксозата или овој RHD-вирусот, и многу погодени миленици се убивани од сомилост. Во Европа, каде што зајаците се одгледуваат во голем број, тие се заштитени од овие два вируси со генетски модифицирани вируси. Вакцината е развиена во Шпанија.