Зајакнување

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зајакнувањето се однесува и на мажите и на жените. Тоа е колективен потфат кој вклучува и поединечна промена и колективна акција. Зајакнување на жените значи развивање на нивната способност колективно и поединечно да преземат контрола над своите животи, да ги идентификуваат своите потреби, да ги одредат интересите кои им одговараат. Во повеќето случаи зајакнувањето на жените бара трансформација на поделбата на трудот и општеството.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.