Заштита и значење на животните

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Зоологијата како гранка на биологијата го изучува животинскиот свет на земјата, неговото потекло, развиток, современите состојби и значењето за човекот. Заради големиот обем и разнообразие за животинскиот свет спечифичностите на методите на проучувањето на различните групи како и од други причини, таа е разделена на два големи оддели: Зоологија на без‘рбетници (invertrbrata) и зоологија на ’рбетните животни (vertebrata). ’Рбетните животни се помногубројни и повидсоко организирани. Во рамките на vertebrata, исто така постојат оддели, кои ги проучуваат различитите групи од ’рбетните животни. Така на пример ихтиологијата ги проучува кругоусните и рибите, херпетологијата - водоземците и влечугите, орнитологијата птиците, а термологијата ги проучува цицачите. Животните во биолошкиот свет имаат огромно значење и без животните не може да постои ниту растителниот свет, ниту пак човекот. Тоа значи дека растителниот свет (флората), животинскиот свет (фауната) и човекот се во еден синџир и тој синџир мора постојано да функционира безпрекорно и еден со друг мора да се надополнуваат и регенерираат постојано во биолошки циклус. Голема е опасноста за оштетување па и исчезнување, ако човекот, растенијата и животните не се во постојана корелација, а тоа зависи од делувањето на Биотичките Абиоптички фактори. Едно пореметување на еден од Биотичките или Абиотичките фактори негативно се одразува, како на растителниот свет така и на животинскиот свет. За жал во некои делови на земјината топка, како и во атмосферата и водените пространства, свесно и намернио или ненамерно имаме тешки пореметувања како на растителниот така и на животинскиот свет, а тие пореметувања се однесуваат, на оштетување, намалување па и исчезнување на многу животински и растителни видови. Животните се важни од повеќе аспекти и за опстојувањето на нашава планета а во неа и за опстојувањето на човекот. Во својот развој многу животни претрпеле големи промени, како биолошки така и морфолошко-анатомски прилагодувајки се на средината на опстојување.



ПОТТИП ’РБЕТНИ ЖИВОТНИ ИЛИ ’РБЕТНИЦИ (VERTEBRATA)

ОПШТА КАРАКТЕРИСТИКА ‘Рбетниците ја сочинуваат најзначајната група меѓу хордните животни, како по степенот на сложеноста на својата градба, така и по богатството и диференцираноста на формите. Како форми со слободен начин на движењеи активно барање на храна, тие еволуирале прогресивно при тоа својата градба ја усложнувале.

ОСНОВНИТЕ ОДЛИКИ НА ’РБЕТНИЦИТЕ БИ БИЛЕ СЛЕДНИТЕ: 1. Тоа се билатерално симетрични, со слободен начин на движење и со издолжена оска на телото. Телесната мета материја се огледува, пред сè во метамерна градба на мускулниот, скелетниот и нервниот систем; 2. На телото можат да се различат најмалку три региони: главен, трупен и опашен, што значи дека метаматеријата е од хетероген карактер; 3. Предниот дел од нервната цевка е деференциран во мозок, со кого се поврзани парните сетилни органи за мирис, вид и слух; 4. Скелетот е секогаш внатрешен, со метамерно распоредени пршлени, кои го образуваат ’рбетникот, кој претставува потпора на целото тело; 5. Предниот дел од осковниот скелет е деференциран во скелет на главата, којшто го заштитува мозокот; 6. Системот за дигестија се наоѓа на многу повисок степен на диференцираност; 7. Во пределот на голтката се развиваат органите за респирација: жабри кај водните и белите дробови кај сувоземните ’рбетници; 8. Крвниот систем е од затворен тип, крвта содржи клетки, во кои е присутен пигмент хемоглобин; 9. Половите органи се парни и обично се поврзани во заеднички урогенитален систем; 10. Ендокрините жлезди се силно индивидуализирани 11. Присутни се два пара екстремитети 12. Кожата е изградена од два слоја - површински(epidermis) и внатрешен (cutisderma); 13. Метаболизмот е битно зголемен за сметка на исхраната, варењето дишењето, крвотокот и екскрецијата.


ПОДЕЛБА НА ’РБЕТНИЦИТЕ

Подтипот ‘рбртници се дели на на два оддели: I - оддел Безвилични ‘ртбетници (agnatha) кој во себе вклучува две изумрени и една современа класа: 1. Класа Птераспи доморфи (pteraspidomorphi) 2. Класа Цефалоспидоморфи (Cephalaspidomorphi) 3. Класа круго усти (Cyclostomata)

II - Оддел ’рбетници со вилици (Gmatostomata), кој е составен од две надкласи:

Надкласа РИБИ (Pisces) во која се вклучени две изумрени класи: 1. Класа оклопни риби (Plocodermi) 2. Класа вилично жабрени риби(Aphitohyoidi), 3. Класа ’рскавични риби (Chondrichthyes) 4. Класа коскени риби (Osteichtyes)

НАДКЛАСА ЧЕТИРИНОЖНИ ‘Рбетници (tetrapoda) со 4 современи класи: 1. Класа Водоземци (amfibija) 2. класа влечуги (reptilia) 3. Класа птици (aves) 4. Класа цицачи (mamalia) На крајот, во зависност од постојаноста на температурата на телото, ’рбетниците можат да се поделат поикилатерми (ладнокрвни), кон кои се однесуваат; рибите, водоземците и влечугите и хомеотермни (топлокрвни), каде се однесуваат птиците и цицачите. Секоја од овие поделби на ’рбетниците е израз на историски настанати разлики меѓу нив.


БРОЈ, ВИДОВИ И РАСПРОСТРАНУВАЊЕ

Поттипот ’рбетници меѓу хордните животни е најбогат со видови. Во современата фауна, тој е застапен со околу 42.000 видови, кои што се многу разнообразни и по надворешен изглед и по големина. Распространети се по целата земја: на копно, во вода и во воздухот, од Арктикот па се до Антартикот. Македонија иако зафаќа мал простор, таа е високо рангирана по бројот на видовите во фауната. Тоа е мотив, да сите ние имаме квалитетен и возвишен однос кон оваа богатство.



НАТКЛАСА РИБИ (pisces) Рибите се најпримитивните ’рбетници со вилица. Тие целосно се прилагодени за живот во водна средина, а се одликуваат со следните белези на градбата: 1. Главни органи за респирација се жабрите, кои имаат ектотермно дермално потекло и функционираат во текот на целиот живот. 2. Органи за движење се парните перки, градни и стомачни, како и непарните: грбна, опашна и анална перка. 3. Во кожата се присутни заштитни творби лушпи 4. Черепот неподвижно е поврзан со ’рбетникот Рибите потекнуваат од безвилични ’рбетници. Во текот на многу долг период на време (400 - 500 милиони години) нивната еволуција се одвивала по многу сложени патишта и настанувале многубројни групи од кои подоцна дел изумрела дел преживеал до денешни дни. Во состав на современите класи влегуваат од 20 - 22 000 видови, распространети во сите води на земјината топка.


УЛОГАТА НА РИБИТЕ ВО ВОДНИТЕ БИОЦЕНОЗИ Коскените риби играат голема улога во водните биоценози, особено во кружењето на материите. Со нив завршуваат многу алки на исхраната. Младите од скоро сите видовина риби, како и планктонојадните риби се хранат со планктонски организми. Голем број од различни групи се хранат со Бентосни без‘рбетници, а покрупните риби јадат поситни. Од своја страна, рибите и нивните млади им служат како храна на разни без’рбетници, како на пример медузите, паразитските црви, главоногите, крупните ракообразни, водните инсекти и иглокожите. Труповите на рибите се распаѓаат и се завршува кружењето на материите. Преставници од различни класи на ’рбетниците се хранат со риби. Водоземците се хранат со икра и млади рипчиња. Голем број од водните влечуги (водните змии, морските змии и крокодилите) исто така се хранат со риби. Кај птиците се среќаваат видови кои, на еден или друг начин се хранат со риби (на пример морските нуркачи, слатководните нуркачи, пеликаните, кормораните, орелот рибар и др.). Некои видови рибојадни птици гнездат во огромни количини во региони богати со риба. Такви огромни колонии се среќаваат по бреговите на Перу, Исланд, Нова Земја и други места, каде што секоја година изведуваат со стотици или илјади тони мали риби. Изметот од овие птици паѓа во водата и ја збогатува со азотни материи, што овозможува развиток на фитопланктон, кој служи за храна на зоопланктонот, којшто ги привлекува рибите. И меѓу цицачите се среќаваат голем број, особено водни цицачи (делфини, китови, некои водни ѕверови, кои се хранат со риба. Проучувањето на миграциите, комбинирано со таксономско биометриските истражувања и со вариационо-статистичка обработка на податоците овозможило откривање и разјаснување на низа биолишки и еколошки проблеми. При тоа е утврдено дека секоја раса си има посебни места за мрестење, кои се одликуваат со посебни услови на соленост и температура на водата и дека мрестот е карактеристичен за секоја раса. Констатирано е дека бројот на пршлените зависи од температурните услови, а имено рибите кои што живеат во потопла вода имаат помал број на пршлени. На пример Бакаларот, кој живее во северниот дел на Атланскиот океан, при температура на водата 0о С има најголем број на пршлени, среден број на пршлени има во подрачјето на изотермата од +5оС, а најмал околу изотермата од +10оС. Проучувањето на миграциите, има големо значење за практиката - риболовот да се организира на соответен начин.

СТОПАНСКО ЗНАЧЕЊЕ НА РИБИТЕ Стопанското значење на коскените риби е огромно и може да се гледа од повеќе аспекти: 1. Рибите даваат 40% од животнинските белковини што ги користи човекот. Месото од рибите преставува потполна храна. 2. Во риболовот и преработката на рибите се вработуваат милиони луѓе 3. Спорстки и рекреативен риболов 4. Рибите служат и како суровина (рибно брашно) се користи во прехранбената индустрија и др. Риболовот ако се изведува, најстрого мора да се потчинува на правилото, дека не смее да се поремети еко-системот и биодиверзитетот, во океаните, морињата, езерата и реките, и да не се дозволи, изчезнување или уништување на одредени видови риби, или пак загрозување на одредени видови. Во нашата земја загрозени се (30) видови, но има и појава на интродуцирани видови како инвазивни, за сметка на автохтоните видови риби, во нашите езера и реки. Значи, строги мерки мора да има во зачувувањето на рибниот фонд.




НАТКЛАСА СУВОЗЕМНИ ИЛИ ТЕТРАПОДНИ ’РБЕТНИЦИ (TETRAPODA)

Класа водоземци (amfibia) Водоземците, зафаќаат посебно место меѓу ’рбртниците бидејќи, како што покажува името, по својот начин на живеење се поврзни како со сувоземната, така и со водната средина. Ваквиот начин на живеење, укажал значително влијание врз нивната градба. Водоземците потекнуваат од една од слатководните групи на ракоперките (од редот на рипидисти?, од кои се издвоиле кон средината на девон. Први остатоци од овие најстари водоземци се наоѓани во слоевите од горен девон на Гренланд. Во врска со развитокот во водна средина кај водоземците се развива ларва од јајцето која живее во вода, а развитокот е проследен со метаморфоза, во текот на која водната ларва се претворува во сувоземна возрасна форма (преставник езерска жаба). Класата водоземци е најмалку бројна среде ’рбетниците. Таа во себе вклучува околу 2100 современи видови, кои се групирани во три редови: • Безножни водоземци (apoda) • Опашести водоземци (ukodela) и • Безопашни водоземци (anura)

Сите водоземци се слатководни животни кои се распространети во сите делови во светот. Особено богати со видови се тропските делово на Америка, Индија и Африка.

ЕКОЛОГИЈА НА ВОДОЗЕМЦИТЕ Водоземците бараат оптимални услови за живеење, а тоа се: голема влажност, релативно висока температура (од 20 до 25оС) и отсуство на соли. Јајцата и ларвите се многу чувствитени на соли и при содржина од 1% на Nacl тие загинуваат.Според средината во која живеат, можат да се разделат на две групи: водни и копнени. Среде копнените водоземци се среќаваат форми кои се прилагодени за живеење на земјата, под земја и на дрва (лисните жаби). Се хранат со најразлични ситни без’рбетници: инсекти и нивните ларви, стоногалки, пајаци, црви, мравки и сл. Потребата од храна кај водоземците е во тесна врска со температурата, се зголемува при висока а се смалува при ниска температура. Водоземците земени во целост, можат да се означат како корисни за човекот од повеќе аспекти. Некои се користат и за храна на човекот (жабји батаци). На определен начин човекот придонесува за смалување на бројот на водоземците преку исушување на блатата и мочуриштата, со загадување на водата, со ловење. Поради тоа во многу земји донесени сепосебни закони со кои се ставени под целосна заштита, или пак нивното ловење е ограничено или строго забрането.


КЛАСА ВЛЕЧУГИ (REPTILIA)

Тие се прва класа од вистинските сувоземни ’рбетници, чии белези на градба, во споредба со сувоземните, се наоѓаат на повисок степен.

Поделба на влечугите Современите влечуги преставуваат остатоци од богатото разнообразно царство на влечугите. Тие се преставени со околу 6500 видови, групирани во 4 редови: клуноглави (Rhynchocephalia), желки (Chelonia), влечуги со лушпи (Squamata) и крокодили (Crocodilia). Најголемиот дел од современите влечуги е распространет во тропските и суптропските региони на земјата, бидејки топлината преставува главен фактор во нивниот живот. Колку се оди на север или југ, нивниот број се смалува, Екологија на влечугите Влечугите се наполно прилагодени кон копнен начим на живеење, што им овозможува да ги населат сите климатски региони на земјата. Но сепак, нивниот број се смалува во колку се оди кон север. Влечугите ја наследиле од своите потомци зависноста од телесната температура од температурата на околната средина, т.е. поикилотермија. Таа е поврзана со нискиот степен на метаболизам и од своја страна ја определува спецификата на распространувањето, како и на голем бој биолошки белези. Кај влечугите се среќава правилно менување на деноноќна и сезонска активност, проследена со степенот на мирување (одмор). Ова цикличност преставува биолошко приспособување кон неповолните температурни услови и условите за исхрана. Кај современите влечуги се среќаваат кон приспособување на надземен, подземен и воден начин на живеење. Исхраната на влечугите е доста разнообразна, Најдолемиот дел од нив претежно се храната со животинска храна (инсекти, риби, мекотели, водоземци, птици и цицачи).


Корист и штета од влечугите Повеќето гуштери и змии кои се хранат со инсекти , мекотели и глодачи се корисни за земјоделството. Значењето а влечугите како храна е скоро незначително, со исклучок на некои копнени и морски желки. Но во последниве години се реализира масовно извозување на наши желки во некои земји во Европа, и постои опасност од нивно целосно уништување. Поголеми штети предизвикуваат кај човекот и добитокот отровните змии. Во нашата земја, постои опасност на исчезнување на еден вид змија.


КЛАСА ПТИЦИ (EVES)

Птиците потекнуваат од групата влечуги. Издвојувањето на птиците од влечугите се извршило пред околу 170 - 190 милиони години.

Број на видови и поделба Класата на птици опфаќа околу 8600 современи видови и преставува најмногубројната класа среде сувоземните ’рбетници. Се дели на две подкласи: Праптици (Archaeornithes) и вистински птици (Neornithes). Вистинските птици се групирани во 27 редови, со огромен број фамилии. Птиците се широко распространети по целата земјина топка; од екваторот до близината на половите. Ги населуваат сите континенти (вклучувајќи ги пространите пустини и високите планини. Најбогати со птици се тропските предели, а колку се оди кон север или југ бројот на видовите се смалува. Со својата способност за долготрајно летање, птиците поседуваат силно средство за расселување, но сепак, мал е бројот на космополитски распространети видови, а постојат и определени фауни кои се одликуваат со свои посебни жители од птици. Современите птици се групирани во три надредови: птици пливачи, птици тркачи и птици со гребен (птици летачи)

Екологија на птиците Птиците поседуваат низа карактеристични белези (голема подвижност, хомеотермност, високо развиена нервна дејност, голем број на морфо-физиолошки адаптации и т.н.) кои им овозможуваат живеење во различити услови. Меѓутоа начинот на живеење на птиците зависи и од климата, од исхраната, од условите на гнездење и т.н. Ниската температура го ограничува распространувањето на растенијата, а со тоа и на инсектите. Од друга страна поради ниската температура замрзнуваат водените токови и базени, со што храната станува недостапна за птиците. Отсуство на светлина ја ограничува активноста на птиците, особено во однос на исхраната. Влажноста и врнежите исто така влијаат индиректно: при голема влажност многу повеќе се развива растителноста, а со неа и повеќе инсекти; тие влијаат врз гнездењето; при обилни врнежи птиците кои гнездатна дрвја или на земја не можат да гнездат и т.н. Значи постои голема зависност од климатските услови. Својот еволутивен развиток, птиците го започнале во шумите. Од тука освојувајќи го воздухот, со својата способност за летање тие ги населилесите делови од копното и водата. Приспособувањето кон различните услови на живеење, довело до измени кои што птиците ги оддалечиле од шумите. Тие измени се изразени пред сè во градбата на нозете, кои се прилагодиле за движење на копно или во вода. Секој вид на птици е пилагоден да живее во еден или во неколку биотопи. Затоа имаме птици кои што живеат во шуми и грмушки, по отворени терени, во блата и мочурушта и во вода. Така се издвојуваат неколку видови на еколошки птици. - Птиците на шуми и грмушки се најмногубројна група по бројот на видови. Храната ја собитраат по гранките и стеблата, а своите гнезда ги сместуваат на гранки или во дупки во дрвјата. (клукајдрвците). - Птиците на отворени терени се прилагодени за живеење во полиња, ливади, степи и пустини. Тие брзо одат или добро трчаат, а послабо летаат.(ноевите). Се хранат и гнездат на земја. - Птиците на блатата и мочуриштата, ги населуваат блатата и крајбрежните делови на водните текови (жерави, штркови).

Водените птици се прилагодени за живеење во водна средина. Своите гнезда ги прават на копно (во земја, во дупки, пукнатини од карпи) или пак прават пливачки гнезда.(гуските, лебедите, патките). Исхраната на птиците во значителна мера го определуваат текот на животните процеси кај птиците. Исхраната влијае и врз географското распространување, сезонското преместување, темпото на размножување, смртноста и сл. Повеќето од птиците се хранат со животинска храна (зоофаги), а значително помал број се хранат со растителна храна (фитофаги). Некои видови се тесно специјализирани по однос на даден вид на храна (стенофаги), додека други многу не ја одбираат храната (еврифити). Изобилството од храна, поволните услови за исхрана предизвикуваат засилено размножување, а имено се зголемува бројот на јајцата во легло а се јавуваат и дополнителни гнездења. Размножувањето на птиците, кај секој вид е поврзано со определена сезона во годината. Во умерените и северните географски широчини размножувањето почнува кон крајот на пролетта и во почетокот на летото, а во тропските предели тоа е поврзано со настапувањето на дождовниот или сушниот период. Половата зрелост кај различитите видови птици настанува во различно време, а во врска со големината на дадениот вид. Доколку птицата е помала, порано станува полово зрела (кокошката 6-7 месеци, крупните орли 3-4 години, ноевите 4-5 години). Според карактеристиката на разместување на гнездата и нивната оддалеченост едно од друго, птиците се делат на две групи; колонијални и единачни. За преселувањето на птиците порано не се знаело, и ако луѓето забележале дека определени птици ги нема во текот на зимата, а повторно се јавуваат во пролет и лето. Наскоро биле откриени патиштата по кои прелетуваат главните маси на птиците, местата каде што презимуваат и роковите на враќање на птиците во Европа. Овие проучувања се извршени по методата на прстенување на птиците. Како на прстенувањето и областите на презимување на птиците, времетраењето на презимувањето постојаноста на паровите, гнездењето и сл. (ластовиците). По однос на територијата што ја зафаќаат во текот на годината, птиците можат а бидат разделени на неколку групи: станарки, скитнички, преселни, прелетни, зимски гости и залутани.

СТОПАНСКИ ЗНАЧЕЊЕ НА ПТИЦИТЕ Стопанското значење на птиците може да се оценува од аспект на користа што му ја даваат на човекот и штетата што ја прават, на посреден и непосреден начин. Посреден начин, птиците играат улога на регулатот на бројноста на различити инсекти, штетни глодачи и коровните растенија. Интересна група што треба а се спомене се чистачите (таквата улога ја обавува пред сè мршојадците, какви што се белоглавиот орел, црниот и други. И птиците кои се исхрануваат со ситни цицачи (јастреби, орли, соколи и др.) Непосреден начин голем број видови на птици (пр. Гуските, еребиците, грлиците) преставуваат ловни објекти. Но во ловот на птиците, мора да постојат најстроги критериуми и да се спроведува најрационално и во најминимални граници и во строго законски определени периоди и локации, а особено ако се има во вид опасноста што постои од истребување на некои видови птици, кои што имаа национално значење. Во нашата земја постојат 66 видови птици што се загрозени од уништување. Големо, е исто така значењето на птиците во природата, ги украсуваат шумите, парковите, ливадите бреговите со мелодични песни, грациозност и сл. Одгледувањето на домашната живина (кокошки, патки, гуски, мисирки) во живинарски фарми и домаќинствата, е од посебно стопанско значење за населението. Некои птици можат да направат и штети на пример пеликаните, кормораните, кои се хранат со риби. Но овие штети се занемарливи во однос на вкупната корист од птиците. Во последно време е констатирано пренесување на заразни болести кај луѓето и добитокот од птиците (птичијот грип и други заболувања).


КЛАСА НА ЦИЦАЧИ (MAMALIA)

Цицачите преставуваат највисоко организирана класа од ’рбетниците и како такви стојат на врвот од системот на животинскиот свет.

Број на видови и поделба Класата на цицачи содржи околу 4000 (според некои автори 6500) современи видови, групирани во три подкласи: едностворни, или јајценосни цицачи (Monotremata), цицачи торбари(Marsupialia) и плацентални цицачи(Placentolia). Цицачите се многу разнообразни по својот изглед и големина. Најмал преставник на цицачите е медитеранската ријачка, која што е долга 3,8 - 4,5 см, и маса од 1,2 до 1.7 грама. Најкрупен преставник од сувоземните цицачи е африканскиот слон, кој е висок 3,5 метри а има нмаса од 4 до 5 тона. Најкрупен преставник од водените цицачи и цицачите воопшто е синиот кит (Balgenopters musculus) кој е долг до 33 метра, а има маса поголема од 150 тони. Благодарение на способноста да се прилагодуваат кон најразличити услови за живеење, цицачите се широко распространети по земјата. Тие живеат во најразлични климатски области, од екваторот до половите, во низините и планините, под земја, во вода и во воздухот. Но и покрај тоа, оделни групи на цицачи имаат ограничено распространување на земјата и се издвојуваат во посебни зоогеографски области.


ЕКОЛОГОЈА НА ЦИЦАЧИТЕ Цицачите поседуваат низа белези кои им овозможуваат да се прилагодат кон најразличити услови на живеење и широко да се распространат по земјата. Но, и покрај големата можност за прилагодување, распространувањето на одделни видови е ограничено од некои специфични климатски и други услови. Така, на пример, човеколиките мајмуни, тапирите, носорозите и други, можат да живеат само при висока и релативно рамномерна температура; кртовите неможат да живеат во мочуришни места; некои од видовите што живеат под земја (кртовите) брзо умираат ако бидат изложени на летни сончеви зраци. Меѓутоа најважен фактор, кој го определува распространувањето се наоѓањето на храна за секој вид. Затоа, некои видови кои се способни да користат најразлична храна (глувците, стаорците) се распространети космополитски.

Прилагодување кон различни услови на живеење Во врска со прилагодбата кон определена храна различните видови од цицачите населуваат биотопи кои ја содржат таа храна. Со оглед на тоа што во разчитите биотопи постојат различни услови за живеење, настанале соответни измени во анатомијата и физиологијата на одделни видови. Така настанале различни еколошки типови на цицачи, кои ги населиле шумите, отворените терени, почвата (под земјата), водата и воздухот. Меѓу шумските видови можат дасе издвојат две групи: форми кои се прилагодени исцело за живеење на дрвја и форми кои живеат на земјата. Цицачите кои што се прилагодиле за живот по отворени терени имаат различна форма и различен степен на специјализација. Подземните цицачи се малубројни, но високо специјализирана група, која опфаќа преставници од различни редови. Кај водните цицачи се среќаваат различни прилагодби за живот во вода (китовите). Единствени цицачи кои што се способни да летаат во воздух се лиљаците. Некои цицачи немаат јасно изразени пригодби за живеење во некој определен биотоп (пр. Лисицата, волкот) кои живеат во шуми, степи, планини и пустини. Исхраната на цицачите се одликува со големо разниообразие, особено по однос на користењето на на растителната храна. Најголем број од цицачите се хранат со растителна, други се сејадни, а трети месојадни. Ниедна класа од ’рбетниците така потполно не ја користи растителната храна како цицачите. Сејадните видови јадат растителна и животинска храна (мечките, свињите, јазовецот, глувците). Месојадните цицачи употребуваат различна животинска храна. Природната храна е определена од присуството на тој вид на храна во местото каде што живее дадениот види од сезоната на годината. Размножувањето кај цицачите, како и кај другите ’рбетници започнува откако тие ќе станат полово зрели. Траењето на бременоста и бројот на младите што се раѓаат е различен и зависи од големината и екологијата на дадениот вид. Прилагодувањето на цицачите за совладување на неповиолните услови за живеење во определени сезони од годината се многу разнообразни. Совладувањето на неповолните услови го остваруваат по пат на складирана храна, со помали или поголеми миграции, или со попаѓање во зимски сон односно летен сон.

Стопанско значење на цицачите Значењето на цицачите за стопанската дејност е многу големо и разновидно. Тоа е определено од една страна со голема разнообразност на видовите, а од друга страна со разнообразието на стопанската декност на човекот. Затоа, едни видови се корисни а други му нанесуваат штета на човекот. Цицачите кои се корисни за човекот се многубројни и разновидни. Едни од нив ги користи како домашни животни, други ги одгледува во кафези, или во фарми, а некои служат за лов, а некои за унуштување на штетни и на сите глодачи. Но ова корист мора да биде во корелација, за да не се наруши синџирот на биолошкиот свет. Во групата на штетни цицачи (условно) влегуваат некои ѕверови, кои што ги напаѓаат домашните животни и човекот. Некои цицачи можат да бидат и пренесувачи на заразни болести на пр. Беснило, туларемија, лептоспироза, бруцелоза, шап и сл. Земено во целона, цицачите преставуваат огромно богатство кое заслужува најголем грижлив однос. Тоа е особено актуелно во сегашново време, бидејки во претходните периоди со нерационално ловење се уништувани повеќе од 100 видови. Во последниве десетици годиниво во многу земји во светот, се донесени посебни закони за заштита на ретките видови од уништување. Изработена е црвена книга во која се наведени сите загрозени видови. Во Република Македонија загрозени се 16 видови цицачи, а во светот поради уништување на шумите се загрозени 75% од цицачите. Во контекс на изнесеното, стои потребата да се нагласи, дека цицачите во фауната си имаат непроценливо значењеа тоа е тесно поврзано со вкупната состојба и развој на Биодиверзитетот, заради што се налага една голема потреба од организиран приод за заштита на животинскиот свет на едно модерно стојалиште, со вклучување на сите надлежни институции.

Главни закани за животинскиот свет (фауната) се: 1. загуба на природните станишта (блатата и мочуриштата) 2. непланско ширење на урбаните центри 3. фрагментација на стаништата 4. прекумерно користење на биолошките ресурси 5. прекумерен лов и риболов 6. трговоја со ретки животни 7. екстракција на вода и водни зафати (несоответно одбран еколошки минимум) 8. загадувањето a. загадување на водата, почвата и воздухот. 9. интродуцирани видови a. племенити нови раси, особено кај домашните животни 10. климатски промени a. суша b. шумски пожари c. поплави d. земјотреси e. лавини f. лизгање на земјиштето


ЗАКЛУЧОК Од изнесеното елаборирање на проблематиката за заштита на животните и нивното значење, треба да се има предвид фактот, а како што е впрочем изнесено и во текстот животните имаат огромно значење за севкупниот живот во природата, а со тоа и за човекот. Поради тој аспект на значење, треба и мора да се преземат организирани мерки (научни, биолошки, економски, ветеринарно-медицински, еколошки, технички) за заштита на животните во сите услови на живеење и опстојување. Преземањето на мерките во оваа насока мора да биде организирано и мултидисциплинарно, оти заштитата на животните поради својата разновидност на видовите е многу специфична и комплексна а зависи од повеќе фактори. Посебно место и задачи имаат (научните и стручни институции) а во Република Македонија постојат врвни институции за ова област како научни (институти, заводи, факултети и сл.)со високопрофесионален и високо научен кадар, што се носи со сите достигнувања во современата светска наука од оваа област. Државните органи преку законските надлежности имаат посебно значење во доследното спроведување на законската регулатива. Здруженијата на граѓани кои во своите активности цели и задачи им се заштитата на животните, како и досега и во идниот период, уште повеќе ќе треба да се динамизираат активностите. Тука прилог треба да дадат и сите други организации, од екологистите па се до љубителите на природата и најсетне и граѓаните со своето однесување, мораат дасоздаваат љубов кон природата и природното богатство, бидејќи животните се дел од севкупната природа и биодиверзитетот. Значи постојат многу форми и облици кои одат во прилог да имаме целосна и ефикасна заштита и унапредување на ова големо богатство - а тоа е богатството на фауната.