Зачувај и препрати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зачувај и препрати е телекомуникациска техника кај која информацијата се праќа до попатна станица каде се чува и подоцна се праќа до финалната дестинација или до некоја друга попатна страница. Попатната страница или јазол кога станува збор за мрежи, ја проверува пораката пред да ја препрати. Во суштина оваа техника се користи кај мрежите со повремено поврзување, особено во средини кои бараат висока мобилност. Исто така оваа техника може да се користи при пренос каде има големо доцнење и променливи со високи стапки на грешка или пак ако директната крај со крај врска не е достапна.

Оваа техника потекнува од мрежите со толерантно задоцнување. За овој тип на мрежи не се достапни услуги во секое време.

Мануелно управуван релеј[уреди | уреди извор]

Зачувај и препрати мрежите датираат уште пред користењето на компјутерите. Точка-до-точка телепринтерската опрема се користела да се праќаат пораки кои биле зачувани на страната на примачот на хартиена лента во центарот на релејот. Потоа операторот ја отстранувал лентата од страната на примачот, ја читал информацијата и потоа ја испраќал кон својата дестинација преку излезена точка-до-точка врска.Ако оваа врска била зафатена, операторот ја внесувал пораката на лента во физички редослед, најчесто користејќи сет од куки и клипови. Голем релеј центар во средината на 1900-те содржел голема количина на влезни и излезни телепринтери, листи од оператори и илјадници пораки во редици за време од голем период. Операторите во овие центри се однесувале како искината-лента Релеј центар, референца за отстранување на примената порака од влезниот телепринтер со кинење на хартиената лента за да се оддели следната од предходната порака. Американски воен термин за ваков центар бил "Non-Automated Relay Center" (NARC).

Автоматски релеј[уреди | уреди извор]

Во 1948-та година Вестерн Унион го претставил планот Plan 55-A, првиот автоматски електромеханички зачувај и препрати систем за менување на пораки. Сите пораки се зачувувале преку удари на хартиена лента која била поврзна со читачи за хартиени ленти и имало корпа измеѓу нив.

E-Мејл[уреди | уреди извор]

Добро е познато дека е-мejл системот прима пораки, ги зачувува и потоа ги препраќа на друга дестинација. Иако целосно отворени мејл релејови повеќе не се користат, не само што едноставно базирано серверско препраќање работи на овој начин, туку и многу е-мejл филтрирања и автоматски електронски емejл листи го користат овој принцип.

UUCP[уреди | уреди извор]

Пред распространувањето на Интернетот, компјутерите биле поврзани преку голем број на точка-до-точка техники, со многу помали компјутери користејќи dial-up врски. UUCP зачувај и препрати протоклите овозможуваат пораката (најчесто е-мејлот) да се пренесува низ множество на компјутери се додека да стигне до својата дестинација. Кон крајот од 20-тиот век, зачувај и препрати техниките еволуирале во комутација на пакети кој во повеќе намени ги заменил зачувај и препрати техниките.

FidoNet[уреди | уреди извор]

FidoNet представувал е-мејл зачувај и препрати систем кај bulletin board системите кои достигнаа до бројка од 45000 системи со милиони корисници од целиот свет. Овој систем бил многу ефикасен користејќи ги најновите техники за компресија и пренос на датотеки и многу ги намалил трошоците за пренос. Системот подоцна бил изменет за да може да поддржи јавни пораки(форуми) наречени ЕchoMail, со дневна големина од компресирани 8 мб.

Наводи[уреди | уреди извор]