Прејди на содржината

Захари Ѓорев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Захариј Ѓорев
Роден 8 април 1871
Куманово, Отоманско Царство
Починал 8 март 1943(1943-03-08) (возр. 71)
Софија, Царство Бугарија
Почивалиште Централни софиски гробишта
Занимање учител, револуционер

Захариј Ѓорев–Стамболиев (или Ѓурев, Ѓоров[1][2]) (Куманово, 8 април 1871 Софија, 8 март 1943 ) — македонски револуционер и учител, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ѓорев е роден на 8 април 1871 г. во Куманово, тогаш во Отоманското Царство. Учел во машката гимназија „Св. Кирил и Методиј" во Солун, по што станал учител во ениџевардарското село Грубевци (1891-1903). Стапил во ВМОРО во 1897 г. и бил меѓу првите организациони дејци во тој реон. Покрај револуционерната активност тој собирал фолклорни материјали од околијата и пишувал дописки до весникот „Новини“.[3] Во 1903 г. станал четник на Апостол Петков, а учествувал во Илинденското востание на чело на 20 милиционери од с. Грубевци, со кои на 19 јули ги исекле телеграфските жици и ги срушиле столбовите во реонот.[4]

По пропаста на востанието се иселил во Бугарија, каде работел како учител.[5] По Младотурската револуција (1908) станал учител во Крива, Ениџевардарско, но за време на разоружувачката акција од 1910 г. пребегал во Бугарија и бил учител сѐ до неговото пензионирање во 1927 г. Подоцна учествувал во раководството на Ениџевардарско-гуменџинското добротворно братство и бил негов секретар во 1930 г.[6] Починал на 8 март 1943 г. во Софија.[1][7]

  1. 1 2 Гьоревъ, Б (1944). „Захарий Гьорев“ (PDF). Илюстрация Илиндень. София: Издание на Илинденската Организация. XV (1 (151): 11. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  2. Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 69.
  3. Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр.92
  4. „Дино Кьосев и Ламби Данаилов. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968", Издателство на Националния съвет на Отечествения фронт, София, 1968 г., стр. 142“. Архивирано од изворникот на 2011-11-15. Посетено на 27 ноември 2025.
  5. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 39. ISBN 954-9514-28-5.
  6. Христосков, Радослав (2021). „„Где е слога тамъ е Бога", или за предизвестеното разцепление на Ениджевардарско-гумендженското благотворително дружество в София през 1936 г.“. „Македонски преглед“. София: МНИ. XLІV (1): 90.
  7. Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 112. ISBN 9789544961022.