Захарија (пророк)

Захарија на фреска од Систинската капела
Свети пророк Захарија — старозаветен пророк и татко на Св. Јован крстител.
Животопис[уреди | уреди извор]
Захарија потекнувал од свештеничкото Ароново племе. Тој и жена му Елисавета долго време немале деца и постојано го молеле бога да добијат пород, така што, кога биле во поодминати години, поради нивниот побожен живот, Господ им ги послушал молитвите и им се родил синот Јован. Захарија го завршил животот маченички, зашто бил погубен од Иродовите војници, покрај олтарот.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Верски календар“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 27.
|