Зафра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зафра
Замокот во Зафра
Замокот во Зафра
Знаме на Зафра
Знаме
Амблем на Зафра
Амблем
Зафра се наоѓа во Шпанија
Зафра
Местоположба во Шпанија.
Координати: 38°25′ СГШ 6°25′ ЗГД / 
Држава Шпанија
Автономна заедница Екстремадура
Покраина Бадахос
Округ Зафра - Рио Бодион
Управа
 • Градоначалник Глорија Понс Форнелино
Површина
 • Вкупна 62,6 km2 (242 sq mi)
Надм. вис. 508 m (1,667 ft)
Население (2009)
 • Вкупно 16.677
 • Густина 270/km2 (700/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Мреж. место Матична страница

Зафра — град сместен во покраината Бадахос (Екстремадура, Шпанија), и главниот град на округот, Зафра - Рио Бодион. Градот има населени од 16.677,[1] според пописот од 2011 година.

Зафра е родниот град на Реј Лопез де Сегура, автор на едно од првите европски записи за шахот, и хуманистот Педро де Валенсија.

Историја[уреди | уреди извор]

Траги на постојано човекова населеност се забележани уште од најраната антика. Во планините "El Castellar" постојат пештери во кои има исцртано пиктограми. Исто така има и тврдина со потекло од бронзената доба ископина во близина на капелата Белен.

Римски период[уреди | уреди извор]

Зафра е поврзувана со имињата од римскиот период Реститута Јулија Империјал,[2] Контрибута Јулија Угултунија,[3] и Сегида Реститута Јулија,[3] иако истово важи и за другите градови во близината.[4] Името Контрибута Јулија се појавува на карта од 1849 година[5] на римска Хиспанија (во југозападот на Шпанија, во областа наречена Бајтурија) заедно со името Регина (денес поврзно со рушевините на малиот римски град со истото име[6]), што укажува на географската поврзаност на имињата Контрибута Јулија со Зафра. Други извори, сепак, ја поврзуваат со името Сегида Реститута Јулија.[7][8] Други пак, важни извори ниту едно од римските имиња не го поврзуваат со Зафра.[9] Во областа во близина на Зафра можат да се најдат остатоци од околу 20 стари римски вили.[10] Овие и поврзаноста со името Реститута Јулија и преселбата од легендарната Сегеда,[11] може да се поврзат со потеклото на градот.

Под маварско владение[уреди | уреди извор]

Значаен факт е дека Зафра е сместена меѓу Бадахос и Севилја, главниот град на покраината Бетика.

Поглед на Зафра

Во средновековието, Зара била сместена на границата која ги делела владенијата на Севилја и Бадахос, и во 1030 година било изградено одбрамбено утврдување во Castellar Mountains. Оваа тврдина била именувана Саџра Аби Хасан според маварскиот географ Абу Абдула ел-Бакри во 1094 година. Арапите го именувале градот Сафра или Кафра, од каде и потекнува денешното име.

Реконкиста[уреди | уреди извор]

За време на реконкистата, Зафра била двапати освојувана од христијанските сили, првпат во 1229 година од Алфонзо IX, и по вторпат од Фернандо III, во кампања која се одвивала територијата на денешната Екстремадура опишана во „Општата историја на Шпанија“ на Алфонзо X.

Сепак, најзначајната промена биал доделувањето на градот од страна на Енрике III Кастилјски на Гомез Суарез де Фигуероа, кој до тој момент бил слуга на кралицата и Големиот господар на Редот Сантијаго. Гомезовиот син и вториот носител на титулата, Лоренцо Суарез де Фигуероа, започнал да ја прави Зафра центар на владението Ферија. Тој започнал да гради ѕид со двојна намена за одбрана и контрола на соседите, трговците, и патниците. Изградбата траела од 1426 до 1449 (или 1442) година. Исто така во 1437 година тој наредил да се изгради една од најзначајните згради во градот, Ел Алказар, каде ќе биде неговата резиденција. Дополнително, тој ја финансирал болницата Сантијаго и го доградил манастирот на Клара од Света Марија Долинска , кој ќе се користи како мавзолеј на неговото семејство. Во 1460 година, Енрике IV Кастилјски и областа ја издигнал на статус округ, и во своето владение ги вклучил и селата Халконер и Ла Морена.

Од XVI век па натаму[уреди | уреди извор]

Во XVI и XVII век градот се осовременил, приимер за тоа е преобразбата на Алказар во палата во австриски стил, и била изградена уште една црква. Сето ова било започнато кога петиот војвода добил нова повисока титула војвода и гранд во 1567 година, за придонесите кон државата под владение на кралот Филип II.

Во XVII век, војводството Ферија било обединето со маркиството Приего, и во XVIII век била обединета со Војводството Мединасели.

Денес[уреди | уреди извор]

Зафра отсекогаш била индустрики и трговски град, опслужувајчиги месните области кои биле претежно земјоделски. Трговските традиции се панаѓурите кои се слават во чест на Јован Крстител од 1395 година и на Свети Михаил од 1453 година.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Празнувања[уреди | уреди извор]

  • Меѓународен псточарски панаѓур, кој се оддржува во последната недела во септември и првата недела од октомври.
  • Огнена Месечина, славена од втората до последната недела во јуни, кој се поклопува со прославата на Јован Крстител
  • Велигден, според црковниот календар.
  • Карневал. Го вклучува панаѓурот на маста, каде бројни производи од свинско месо се дегустираат на плоштадите.
  • Свети Исидор, кој се оддржува во неделата најблиску до 15 мај.
  • Поворката на нашата дама Девицата Беленска, која се одвива во неделата која следи по неделата на воскресението.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Зафра е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Zafra (Badajoz)“. City Population. Thomas Brinkhoff. 18 декември 2012. http://www.citypopulation.de/php/spain-extremadura.php?cityid=06158. посет. 1 ноември 2013 г. 
  2. Qué Hacer | (switch to English) | Vía de la Plata (The Silver Route) | stage 3 at TurismoExtremadura.com.
  3. 3,0 3,1 Badajoz (search for: 'Zafra') at El Archivo Epigráfico de Hispania | Bases de datos y Archivo Virtual | Geographica (on map, click on: 'Badajoz').
  4. Comarca de Zafra / Rio Bodión | La Comarca - Sus Municipios.
  5. Hispania from Perry-Castañeda Library Map Collection | Spain Maps | Hispania (Ancient Spain).
  6. Wikimapia location: ruins of Regina Roman town.
  7. Atlas de la Historia del Territorio de Andalucía.
  8. 'LA MUNICIPALIZACIÓN FLAVIA: ESTADO DE LA CUESTIÓN' (search for: 'Zafra') from 'LOS MUNICIPIOS FLAVIOS DE LA BÉTICA' by EVA Mª MORALES RODRÍGUEZ. Tesis Doctoral dirigida por Dr. Cristóbal González Román, DEPARTAMENTO DE HISTORIA, ANTIGUA FACULTAD DE FILOSOFIA Y LETRAS, UNIVERSIDAD DE GRANADA, Granada, 2000.
  9. BARRINGTON ATLAS OF THE GREEK AND ROMAN WORLD, Gazeteer, page 430, Map 26 Lusitania-Baetica, Compiled by R.C. Knapp and F.H. Stanley, Jr. (Portugal), 1996, in file BATL026_.PDF in B_ATLAS.ZIP from Princeton University Press | Subjects | Browse Princeton Catalog by Subject | Archaeology and Ancient History | Archaeology and Ancient History | Barrington Atlas of the Greek and Roman World. R.J.A. Talbert, ed. | Barrington Atlas of the Greek and Roman World, Edited by Richard J. A. Talbert | Map-by-Map Directory.
  10. LOS ROMANOS EN ZAFRA. ¿SEGEDA? (search for: 'villae'), from ZAFRA - LA SEGEDA DE LA BETURIA CÉLTICA.
  11. Segeda and Rome. The historical development of a Celtiberian citystate. (page 11, section: 'A Segedan colonisation in the Celtic Baeturia') by Francisco Burillo Mozota, Centro de Estudios Celtibéricos de Segeda, Seminario de Arqueología y Etnología Turolense, Facultad de Humanidades y Ciencias Sociales de Teruel.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]