Затворена листа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Земји кои користат пропорционален модел со затворени листи во 2019

Затворена листа ја опишува варијантата на партиски листи според пропорционална застапеност каде што гласачите можат (делотворно) да гласаат само за политичките партии како целина и на тој начин немаат влијание врз редоследот кој е предодреден од партијата по кој се избираат партиските кандидати. Ако гласачите имаат барем некое влијание тогаш се нарекува отворена листа.

Во системите со затворени листи, секоја политичка партија претходно одлучила кој ќе ги добие мандатите после изборите. Па така, кандидатите кои се наоѓаат први на листата имаат поголеми шанси да добијат седиште во парламентот, додека кандидатите кои се последни на листата скоро и да немаат никакви шанси.