Застава М57
| Застава М57 | |
|---|---|
Застава М57 | |
| Тип | Полуавтоматски пиштол |
| Потекло | СФРЈ |
| Употребна историја | |
| Во служба | 1957–1992 |
| Корисници | Југословенска народна армија, Виетконг, Северновиетнамска армија |
| Војни | Виетнамска војна, Заливска војна, Југословенски војни |
| Производна историја | |
| Конструктор | Застава оружје |
| Конструирано | 1957 |
| Производител | Застава оружје |
| Год. на производство | 1957–до денес |
| Варијанти | Застава М70 |
| Тех. особености | |
| Тежина | 854 g |
| Должина | 194 mm |
| Цевка length | 116 mm |
| Висина | 134 mm |
| Куршум | 7,62×25mm Токарев |
| Механизам | Повторно полнење со повлекување |
| Почетна брзина | 480 m/s |
| Делотворен дострел | 50 m |
| Полнење | одделив шаржер со 9 куршуми |
| Нишани | механички 156 mm должина на нишанска линија |
Застава М57 – полуавтоматски пиштол кој во бивша Југославија го произведувало претпријатието Застава оружје (тогаш Заводи Црвена застава). Се работи за копија на советскиот пиштол Токарев ТТ-33. Пиштолот бил прифатен во 1957 година, додека масовно почнал да се произведува од 1960 година. Бил службено оружје во југословенската војска и милиција.
Техничките разлики меѓу југословенскиот и советскиот пиштол се скоро незначителни, а најзначајни се дека М57 користи шаржер со капацитет од девет, а ТТ-33 со капацитет од осум куршуми. Поголемиот капацитет на шаржерот е причина дршката на М57 да е поголема. Исто така, водилката на повратната пружина кај М57 се состои од два дела.
Визуелните разлики е многу мали, но видливи. Така советскиот ТТ-33 на кориците на пиштолот има ознака ѕвезда петокрака околу која е ознаката CCCР. Југословенската верзија има ознака ФНРЈ или СФРЈ.
Пиштолот користи муниција со калибар 7,62x25 ТТ, а Застава оружје во текот на 1970-тите години почнала да произведува сличен пиштол кој користел муниција 9x19 лугер. Станува збор за моделот Застава М70.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Застава М57“ на Ризницата ? |