Зари Елмасјан
Зари Елмасјан | |
---|---|
Роден(а) | Зарухи Елмасјан 12 октомври 1906 Лин, Масачусетс |
Починал(а) | 6 февруари 1990 Лос Анџелес, Калифорнија |
Националност | Ерменско-американка |
Други имиња | Зарухи Елмасјан Вартјан |
Занимање | Пејачка |
Познат(а) по | Волшебникот од Оз |
Зарухи Елмасјан (12 октомври 1906 - 6 февруари 1990), професионално позната како Зари Елмасјан, а подоцна и како Зарухи Елмасјан Вартјан, била ерменско-американска пејачка, најпозната по нејзината гласовна глума во холивудски мјузикли во 1930-тите, вклучувајќи го и Волшебникот од Оз.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Зарухи Елмасјан била родена во Лин, Масачусетс, ќерка на Џон Елмасјан и Сатениг Алуџијан Елмасјан.[1] Нејзините родители биле родени во Ерменија.[2] Семејството се преселило во Фресно, Калифорнија, каде живеело до раѓањето на нејзината помлада сестра Алис.[3] Таа студирала на Фресновскиот државен колеџ, на Јужнокалифорнискиот универзитет, на Истманското музичко училиште и на Конзерваториумот за музика во Нова Англија.[4][5]
Кариера
[уреди | уреди извор]Елмасјан пеела на радио програма во 1929 година,[6] и во рамки наОперата на Сан Франциско од 1930 до 1932 година била во продукции на Хансел и Гретел, Манон, Танхојзер и Кармен.[7] Подоцна пеела со Операта на Лос Анџелес и често настапувала како концертен пејач и црковен солист[8] во Калифорнија[9][10] низ 1930-тите и 1940-тите.[11][12][13]
Таа пеела со оперските групи „Youth of America“ во Сан Франциско, Њујорк и Бостон. Меѓу ниејзините улоги во овој период спаѓаат: Норина („Дон Пасквал“ од Гаетано Доницети), Деспина („Така прават сите“ од Моцарт), Неда („Пајаци“ од Руџеро Леонкавало) и други. Настапувала и како пејачка во камерни оркестри во дела на Бетовен, Махлер и Блох. Таа настапувала со Симфонискиот оркестар на Лос Анџелес под водство на познатите диригенти Артур Роџински и Ото Клемперер.
Елмасјан обезбедувала вокални изведби за холивудски мјузикли, обично без кредит, вклучувајќи ги Супер е да си жив (1933), Непослушна Мариета (1935),[14][15] Орхидеи за тебе (1935), Еве за романсата (1935), Големиот Зајгфилд (1936),[16] Чарли Чан во операта (1936), Мајтајм (1937), Душички (1938), Девојката од златниот запад (1938), Волшебникот од Оз (1939),[17][18] и Бродвејска серенада (1939). Таа, исто рака, била музички директор во Ерменската апостолска црква Свети Џејмс во Лос Анџелес, [19] како и членка на Доминантниот музички клуб, женски клуб за професионални музичари.[20]
Елмасија во 1930 година станала претседател на Здружението на ерменски уметници кои работиле во Лос Анџелес. Со нејзиниот сопруг таа глумела во музичката мелодрама на ерменски јазик, Ануш (1945),[21][22] базирана на делото на Ховханес Тумањан и операта Ануш од Армен Дикранијан.[23][24] Во 1959 година тие го посетиле Ереван и снимале плоча наречена Ерменски песни.[25] Зари Елмасјан учествувала во снимањето на „Орор Назикин“ на Р. Меликјан, како и италијанските песни „Прекрасна како роза", „Врати ми го градот", „Како да заборавам љубов моја“, а може да се слушне и на албумот Oscar Levant Plays Levant & Gershwin.[26]
Во 1933 година, таа се појавила на насловните страници кога била испрашувана за убиството на стоматологот Леон Сивер, кој според некои бил љубител на настапите на Елмасјан во операта на Лос Анџелес.[27] Сивер бил основач и директор на Artists' Endowment, од каде Елмасјан добила стипендија во 1930 година.[5]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Елмасјан се омажила за филмскиот монтажер Сетраг Вартјан во 1942 година, во Лас Вегас, Невада.[28][29] Тој починал во 1986 година, а таа починала во 1990 година во Лос Анџелес, на 83 години.[30] Нивниот заеднички гроб се наоѓа на гробиштата во Инглвуд Парк.[31]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Obituary for John ELMASSIAN“. The Los Angeles Times. 1958-07-29. стр. 63. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Obituary for John Eimassian (Aged 77)“. The Los Angeles Times. 1958-07-29. стр. 63. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ Obituary for Alice (Elmassian) Zakian, The Los Angeles Times (November 18, 2004). via Legacy.
- ↑ „Armenian Film Premier is Set“. The Fresno Bee The Republican. 1944-10-26. стр. 23. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ 5,0 5,1 Who's who in music and dance in Southern California. University of California Libraries. Hollywood : Bureau of Musical Research. 1933. стр. 126-127, 189.CS1-одржување: друго (link)
- ↑ „KTM“. The Pasadena Post. 1929-04-20. стр. 15. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Performance Archive“. San Francisco Opera Archive. Архивирано од изворникот на 2023-03-27. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „'Messiah' Solo Roles Will be Sung by Noted Artists“. The San Bernardino County Sun. 1935-12-18. стр. 13. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Modern Music Will be Featured in Lecture-Recital at College“. The San Bernardino County Sun. 1930-05-05. стр. 9. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Concert to be Presented by Chorus Mar. 3“. The Whittier News. 1931-02-28. стр. 6. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Soloist to be Heard at Tremont Temple“. The Boston Globe. 1939-08-26. стр. 11. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Recital Scheduled by Zaruhi Elmassian“. The Los Angeles Times. 1947-10-12. стр. 27. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Gifted Pair Give Recital“. The Los Angeles Times. 1950-10-23. стр. 39. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „NAUGHTY MARIETTA“. Library of Congress. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ Vogel, Michelle (2015-06-08). Marjorie Main: The Life and Films of Hollywood's "Ma Kettle" (англиски). McFarland. стр. 123. ISBN 978-1-4766-0426-8.
- ↑ „The Great Ziegfeld (1936)“. AFI Catalog. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ Hogan, David J. (2014-06-01). The Wizard of Oz FAQ: All That's Left to Know About Life According to Oz (англиски). Rowman & Littlefield. ISBN 978-1-4803-9720-0.
- ↑ Scarfone, Jay; Stillman, William (2004-06-01). The Wizardry of Oz (англиски). Hal Leonard Corporation. стр. 242. ISBN 978-1-61774-843-1.
- ↑ „St. James Armenian Apostolic Church“. The Los Angeles Times. 1981-05-05. стр. 114. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „"Our History" and "In Memoriam, Members"“. Dominant Music Club (англиски). Посетено на 2020-04-20.
- ↑ Price, Michael H. (2003). Forgotten Horrors 3: Dr. Turner's House of Horrors (англиски). Midnight Marquee & BearManor Media.
- ↑ „Anoush (1945)“. AFI Catalog of Feature Films. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ Masters, Dorothy (1945-04-28). „Two New Films are Spanish and Armenian“. Daily News. стр. 57. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ Gevinson, Alan (1997). Within Our Gates: Ethnicity in American Feature Films, 1911-1960 (англиски). University of California Press. стр. 40–41. ISBN 978-0-520-20964-0.
- ↑ „An Evening of Armenian Music of America Pressed on 78s“. Glendale Arts (англиски). Посетено на 2020-04-20.
- ↑ Levant, Oscar (1994), Oscar Levant plays Levant & Gershwin (англиски), New York : DRG, Посетено на 2020-04-20
- ↑ „Diva Tells of Acquaintance“. The San Francisco Examiner. 1933-12-16. стр. 5. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ Bishop, Anne (1982). The World of Zaruhi and Setrag Vartan (англиски). Los Angeles, Calif.: Bishop's World Who's Who. OCLC 22890998.
- ↑ „Zaruhi Elmassian is Shower Honoree; Weds S. T. Vartian“. San Fernando Valley Times. 1942-08-21. стр. 6. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Obituary for Zaruhl Emasslan Vartian (Aged 83)“. The Los Angeles Times. 1990-02-10. стр. 34. Посетено на 2020-04-20 – преку Newspapers.com.
- ↑ „Zaruhi E. Vartian (1906-1990) buried in Inglewood Park Cemetery located in Inglewood, CA“. People Legacy. Посетено на 2020-04-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Зари Елмасјан на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Зари Елмасјан — AllMusic (англиски)
- A 1939 photograph labeled "Radio singer Zaruhi Elmassian" in the University of Washington collections