Прејди на содржината

Заратошт-нама

Од Википедија — слободната енциклопедија

Заратошт-нама[1] или Кангрангхака-Нама (персиски: زراتشت‌نامه) е религиозна епска песна на персиски јазик составена во 7 век од н.е. Поемата зборува за животот на Заратустра, основачот на зороастризмот. Автор на песната е Кај Кавус пур-и Хосрое. Поемата погрешно му се припишува на Зартошт Бахрам-е Паждо, кој всушност е препишувач на првиот преживеан ракопис на делото. Поемата содржи 600 двастихови и е компонирана во истиот метар како Шахнамех од Фирдуси. Делото е засновано врз усните преданија на зороастријците и има многу сличности со средноперсиската литература како што е Денкард. Арапските позајмени зборови не се вообичаени во делото. Содржи и неколку ретки пахлавски зборови.[2]

  1. „پژوهشگاه علوم و فناوری اطلاعات ایران“. ganj.irandoc.ac.ir (англиски). Посетено на 21 ноември 2020.[мртва врска]
  2. „ČANGRANGHĀČA-NĀMA – Encyclopaedia Iranica“. www.iranicaonline.org. Посетено на 2019-07-17.