Прејди на содржината

Запишано на ветрот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Запишано на ветрот“ (англиски: Written on the Wind) – филм на режисерот Даглас Сирк од 1956 година. Главните улоги ги играат: Рок Хадсон, Лорен Бекол и Роберт Стак.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Вредниот геолог на компанијата „Хадли Оил“, Мич Вејн, ја запознава секретарката Луси Мур во канцеларијата на нејзиниот шеф Бил Рајан во Њујорк и ја повикува да дојде на состанокот со алкохоличарот и разгалениот плејбојем Кајл Хадли, син на еден тајкун. На патот до состанокот, Мич ѝ признава дека патуваат од Хјустон во Њујорк само затоа што Кајл, неговиот најдобар пријател од детството, посакал да јаде сендвич од „Клубот 21“, а состанокот бил само изговор пред Кајловиот татко, Џаспер Хадли. Мич и Кајл веднаш се заљубљубуваат во Луси, но Кајл не успева да ја освои со парите. Наместо тоа, тој искрено го отвора срцето и ја бара за жена. Тие се венчаваат и одат на меден месец во Акапулко, каде несигурниот Кајл се откажува од пиењето. Во меѓувреме, Кајловата сестра Мерили го сака Мич, кој, пак, се однесува кон неа како со сестра. По една година, Кајл открива дека има здравствени проблеми и дека можеби не ќе може да има деца, па повторно почнува да пие. Љубоморната Мерили го лаже Кајл дека неговата сопруга и Мич одржуваат љубовна врска. Кога Луси дознава дека е бремена, Кајл верува дека татко на детето е Мич, а неговата недоверба води до трагедија.