Запеј песна Македонко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Запеј песна Македонко“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина2:47 (Кирил Манчевски и Виолета Томовска)
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Запеј песна Македонкомакедонска народна песна. Песната е посветена на една Македонка која со песна требала да ги поздрави и сплоти сите Македонци низ целата Македонија, поделена во неколку држави. Песната исто така говори за тоа како на песната ќе и се придружат сите Македонци од разните краеви на Македонија.

Текст[уреди | уреди извор]

-Запеј песна Македонко,
ти испрати голем поздрав надалеку.
Поздрави браќа, сестри на три страни
од Охрид, до Пирин, дур' до Солуна.

Твојта песна Македонко,
ќе расплаче многу срца разделени,
невидени браќа, сестри многу години
со тие граници разделени.

Запеј песна Македонко, да се зберат браќа, сестри Македонци,
сите ние да запејме, да се чуе
од Охрид до Пирин, дур до Солуна.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]