Опстипација

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Запек)

Опстипација[1][2], позната и како запек[3][4] или затвор[5][6] — цревно заболување. Опстипацијата е едно од најчестите цревни заболувања во развиените земји, а најчесто се јавува кај лицата постари од 65 години, но исто така е присутно и кај децата.[7]

Причини и симптоми[уреди | уреди извор]

Бристолска скала за обликот на столицата

Опстипацијата е најраѓирена во развиените земји, што е поврзано со начинот на исхраната. Како најчести причини што доведуваат до запек се: недоволно внесување храна богата со растителни влакна, недоволно внесување течности, слаба физичка активност и одложување на потребата од празнење на цревата. Исто така, честопати запекот е поврзан и со употребата на некои лекови, како: диуретици, аспирин, препарати на железо и калциум итн. Пациентите со запек се жалат на тврд измет, нередовно, отежнато и нецелосно празнење на цревата, појава на стомачна болка, чувство на подуеност и ретко празнење на цревата (поретко од трипати неделно).[8]

Терапија[уреди | уреди извор]

Вообичаено, третманот на запекот вклучува вовоедување соодветен начин на исхрана, внесување доволно течности и поголема физичка активност. Употребата на средства за празнење (лаксативи) може да помогне кај акутниот запек, но ефектите се многу краткотрајни, а прекумерната употреба на лаксативите редовно предизвикува појава на таканаречени „мрзливи црева“, со што проблемот уште повеќе се усложнува, т.е. можно е да се појават посериозни болести на цревата.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „опстипација“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „опстипација“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „запек“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „запек“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „затвор“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „затвор“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. Ловорка Николовска - Лола, „Сок - пријател на органите за варење“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
  8. Ловорка Николовска - Лола, „Сок - пријател на органите за варење“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
  9. Ловорка Николовска - Лола, „Сок - пријател на органите за варење“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори