Западно крило
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Западно крило | |
|---|---|
| Создадена од | Ерон Соркин |
| Улоги | Алан Алда Стокард Шанинг Кристин Ченоует Дуле Хил Алисон Џени Моира Кели Роб Лоу Џошуа Малина Мери Мекормак Џанел Молуни Ричард Шиф Мартин Шин Џими Смитс Џон Спенсер Бредли Витфорд |
| Земја на потекло | |
| Бр. на епизоди | 156 (вклучувајќи две специјалки) |
| Производство | |
| Времетраење | 42 минути |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | NBC |
| Првично прикажување | 22 септември 1999 – 14 мај 2006 |
| Надворешни врски | |
| nbc.com/The West Wing/ | |
Западно крило(англиски: The West Wing) е американска телевизиска драмска серија создадена од Ерон Соркин, емитувана од 1999 до 2006. Серијата е сместена во западното крило на Белата Куќа, а тоа е локацијата на овалната канцеларија и канцелариите на претседателскиот персонал, за време на фиктивната демократска администрација на Џосаја Бартлет (Мартин Шин).
Западно крило е продуцирана од Ворнер Брос. Премиерно е емитувана на NBC и во десетици други земји. Заврши на 14 мај 2006, по седум реализирани сезони. Кај нас се емитува на Сител телевизија.
Серијата има добиено позитивни критики од критичари, професори по политички науки и поранешни вработени во Белата Куќа. Западно крило има освоено 2 златни глобуси и 26 еми награди (од кои 4 по ред (2000-2003) за најдобра драмска серија).
Дејство
[уреди | уреди извор]Западно крило, како и повеќето серијализирани драми, има развлечени приказни кои траат по епизоди или сезони, но покрај овие подолги приказни, во секоја епизода има кратки случаи кои почнуваат и завршуваат во една епизода.
Повеќето епизоди го следат претседателот Бартлет и неговиот персонал како се справуваат со некои правни или политички проблеми. Една типична епизода го следи денот на претседателот и персоналот, од што произлегуваат повеќе настани поврзани со некоја одредена тема.
Еволуција
[уреди | уреди извор]Западно крило е развиена од филмот Американски претседател од 1995, за кој Ерон Соркин го напиша сценариото. Неискористени приказни за филмот, како и некои предлози од Акива Голдсмен, го инспирираа Соркин да ја создаде Западно крило.
|