Западнопоморско Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Западнопоморско Војводство
województwo zachodniopomorskie
војводство
Знаме на Западнопоморско Војводство
Знаме
Грб на Западнопоморско Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Западнопоморското Војводство
Окрузи во Западнопоморското Војводство
Земја  Полска
Седиште Шчеќин
Окрузи 3 градски, 18 земски *
Површина
 • Вкупно 22.896 км2
Население (2014)
 • Вкупно 1.715.431
 • Густина 75/км2
 • Градскo 1.170.105
 • Селско 523.428
Рег. таб. Z
Мреж. место szczecin.uw.gov.pl

Западнопоморско Војводство (полски: województwo zachodniopomorskie) — војводство во северозападна Полска кое се граничи со Поморското Војводство на исток, Големополското на југоисток, Лубушкото на југ, Германија (Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург) на запад и Балтичкото Море на север. Седиште и најголем град е Шчеќин.

Основаноо е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Шчеќинско и Кошалинско, како и делови од други соседни војводства, согласно управната реформа усвоена претходната година. Го носи името на историската област Поморје. Иако е наречено „западнопоморско“, војводството не ги опфаќа најзападните делови на областа; тие денес ѝ припаѓаат на Западна Померанија (Vorpommern) во Германија.

Латинизираниот назив Померанија (Pomerania) и германизираното Pomern се изведени од словенското по море или „приморје“.[1]

Географија и знаменитости[уреди | уреди извор]

Западнопоморското војводство е петто по големина во земјата. Позначајни градови се Шќечин, Кошалин, Старгард и Швиноујшќе.

Ова е живописна област во балтичкиот брег, со многу плажи, езера и шумовити предели. Шчеќин, Швиноујшќе и Полице се поажни пристаништа. Други поголеми приморски места се Мјенѕиздроје, Ѓвинув,

Население[уреди | уреди извор]

Сè до 1945 г. областа била дел од Германија. По Втората светска војна, подрачјето ѝ е предадено на Полска согласно барањата за прекрокување на границите наметнати од СССР со Потсдамскиот договор. Највеќето Германци пребегале или биле истерани, и а на нивно место се населени Полјаци, од дотогашна Полска или преселени од полските подрачја припоени кон СССР.

Вп 1948 г. 67 % од населението го сочинувале дојденци од средна Полска, Големополска и Помералија, а 25 % биле преселници од полските краишта припоени кон СССР. Други 6 % биле повратници во Полска од Западна Европа. Околу 50.000 Украинци се принудно преселени во областа во операцијата „Висла“ од 1947 г.[2]

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Реката Одра во Шчеќин.
Градскиот дом во Хојна — пример за германската готика од XIV век.
Градскиот дом во Кошалин.
Брод на пристаништето во Швиноујшќе.
Градскиот дом во Нове Варпно.
Реката Одра во Полице.

Војводството има 64 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[3]

  1. Шќеќин (410.809)
  2. Кошалин (107.783)
  3. Старгард (70.534)
  4. Колобжег (44.794)
  5. Швиноујшќе (40.899)
  6. Шчеќинек (38.756)
  7. Полице (34.284)
  8. Валч (26.140)
  9. Бјалогард (24.339)
  10. Голењув (22.448)
  11. Грифино (21.478)
  12. Новогард (16.745)
  13. Грифице (16.702)
  14. Хошчно (15.753)
  15. Швидвин (15.637)
  16. Дарлово (14.380)
  17. Барлинек (14.156)
  18. Дембно (13.903)
  19. Злоќињец (13.377)
  20. Славно (13.314)
  21. Пижице (12.642)
  22. Мишлибуж (11.867)
  23. Дравско Поморске (11.465)
  24. Лобез (10.617)
  25. Тшебјатув (10.113)
  26. Камјењ Поморски (9.134)
  27. Плочин-Здруј (8.572)
  28. Хојна (7.187)
  29. Чаплинек (6.933)
  30. Шанув (6.543)
  31. Карлино (5.794)
  32. Мјенѕиздроје (5.436)
  33. Волин (4.878)
  34. Боболице (4.446)
  35. Реско (4.377)
  36. Борне Сулиново (4.224)
  37. Плоти (4.142)
  38. Липјани (4.124)
  39. Калиш Поморски (3.989)
  40. Барвице (3.838)
  41. Мјешковице (3.553)
  42. Хоќивел (3.285)
  43. Машево (3.073)
  44. Венгожино (3.011)
  45. Реч (2.995)
  46. Поланув (2.967)
  47. Ѓивнув (2.949)
  48. Голчево (2.724)
  49. Пелчице (2.698)
  50. Мирославјец (2.633)
  51. Тихово (c. 2.500)
  52. Тшќињско-Здруј (2.496)
  53. Гошќино (2.430)
  54. Добжани (2.420)
  55. Дравно (2.399)
  56. Члопа (2.390)
  57. Бјали Бур (2.127)
  58. Добра (2.028)
  59. Ињско (2.001)
  60. Тучно (1.965)
  61. Цедиња (1.653)
  62. Морињ (1.570)
  63. Сухањ (1.446)
  64. Нове Варпно (1.170)
  65. Мјенѕивоѓе (1.000)

Во 2012 г. полските делови на историската област Западно Поморје (Шчеќин, Швиноујшќе и Поличкиот округ) имале вкупно 520.000 жители, додека пак германските окрузи (Западна Померанија-Риген и Западна Померанија-Грајфсвалд) заедно имале 470.000 жители. Така, може да се рече дека Западното Поморје има околу милион жители.

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Западнопоморското Војводство е поделено на 21 округ, од кои 3 се градски, а 18 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 114 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2014)
[4]
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Шчеќин
Szczecin
301 407.180 1
Кошалин
Koszalin
84 107.783 1
Швиноујшќе
Świnoujście
197 41.276 1
Земски окрузи
Бјалогардски
powiat białogardzki
845 48.679 Бјалогард Карлино, Тихово 4
Валчки
powiat wałecki
1.415 54.348 Валч Мирославјец, Члопа, Тучно 5
Голењувски
powiat goleniowski
1.617 82.507 Голењув Новогард, Машево 6
Грифински
powiat gryfiński
1.870 83.688 Грифино Хојна, Мјешковице, Тшќињско-Здруј, Цедиња, Морињ 9
Грифички
powiat gryficki
1.018 61.517 Грифице Тшебјатув, Плоти 6
Дравски
powiat drawski
1.764 58.073 Дравско Поморске Злоќињец, Чаплинек, Калиш Поморски 6
Камјењски
powiat kamieński
1.007 47.751 Камјењ Поморски Мјенѕиздроје, Волин, Ѓивнув, Голчево 6
Колобжешки
powiat kołobrzeski
726 79.567 Колобжег Гошќино 7
Кошалински
powiat koszaliński
1.669 65.962 Кошалин * Шанув, Боболице, Поланув 8
Лобески
powiat łobeski
1.066 37.804 Лобез Реско, Венгожино, Добра 5
Мишлибушки
powiat myśliborski
1.182 67.417 Мишлибуж Барлинек, Дембно 5
Пижички
powiat pyrzycki
726 40.488 Пижице Липјани 6
Полички
powiat policki
664 75.386 Полице Нове Варпно 4
Славненски
powiat sławieński
1.044 57.489 Славно Дарлово 6
Старгардски
powiat stargardzki
1.520 120.593 Старгард Хоќивел, Добжани, Ињско, Сухањ 10
Хошченски
powiat choszczeński
1.328 49.709 Хошчно Реч, Пелчице, Дравно 6
Швидвински
powiat świdwiński
1.093 48.343 Швидвин Полчин-Здруј 6
Шчеќинечки
powiat szczecinecki
1.765 78.858 Шчеќинек Борне Сулиново, Барвице, Бјали Бур 6
    * седиштето не е дел од округот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Der Name Pommern (po morze) ist slawischer Herkunft und bedeutet so viel wie „Land am Meer“. Архивирано 2013-09-29 во Wayback Machine.
  2. Alina Hutnikiewicz: "Proces Osadnictwa na Pomorzu Zachodnim po 1945 r" in Zeszyty Kulickie 5: Rodzinne Pomorze – dawniej i dziś, pp. 67 ff. (полски)
  3. „Błąd 404. Strona o podanym adresie nie istnieje“ (на pl). Stat.gov.pl. http://www.stat.gov.pl/gus/45_655_PLK_HTML.htm. посет. 12 март 2012 г. 
  4. „Ludność, ruch naturalny i migracje w województwie zachodniopomorskim w 2014 r.“. Urząd Statystyczny w Szczecinie. 2014. http://szczecin.stat.gov.pl/publikacje-i-foldery/ludnosc/ludnosc-ruch-naturalny-i-migracje-w-wojewodztwie-zachodniopomorskim-w-2014-r-,5,5.html. посет. 19 септември 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]