Прејди на содржината

Западна Ледена Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
ЗЛГ во рамките на Антарктик
ЗЛГ
Местоположба на Антарктикот
Царски пингвин на кај плочата

Западна Ледена Плоча (англиски: West Ice Shelf) — важна ледена плоча долж Брегот на Леополд и Астрид на Источниот Антарктик. Се протега во должина од 350 км во правец исток-запад, помеѓу Препречниот Залив и заливот Посадовски, па 120 км на север од континенталниот раб.[1]

Откривање и именување

[уреди | уреди извор]

Плочата е откриена од Првата германска антарктичка експедиција (1901–1903) под водство на Ерих фон Дригалски. Наречен е „Западен“ поради насоката во која е забележан. Бродот се заглавил во пловечки мраз на ова место на 21 февруари 1902 г. и останал заробен сè до 8 февруари 1903 г.

Место од орнитолошка важност

[уреди | уреди извор]

Близу северозападниот раб на плочата има морски мраз со површина од 416 ха, прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи таму живее колонија на царски пингвини.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „West Ice Shelf“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2015. Посетено на 6 декември 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]